ИСПОВЕД на поранешна девојка: Ти го скршив срцето за да бидеш среќен. Ете затоа не ми е жал…

Понекогаш во животот мора да донесете одлуки за подобро утре. Иако тоа звучи парадоксално, после некое време сфаќате дека подобро е раната да ја зашиете на живо иако ќе боли до коска, отколку да пуштите да загнои.Те уништив. Не разделив нас на најсуровиот начин на кој тоа некој можеше да го направи: ладно, тивко и брзо. Те оставив без одговор и објаснување и ти ја распарчив душата – за EliteDialy раскажува девојката која се одлучила на овој тежок чекор.
Можеби е тешко да се поверува, но ме повреди исто колку и јас тебе. Никогаш не сакав да те видам како патиш и никогаш не сакав да си заминам. Никогаш немав намера да те оставам да се распаднеш, но не ми е жал што го направив тоа.
Заслужуваш објаснување и сега конечно можам да ти го дадам. Ова се прилините поради кои не ми е жал што ти го скршив срцето.
Не виде разлика
Почнав да забележувам разлика како стареевме. Почнавме со огромна вљубеност, спремни да се откажеме од се само за да бидеме заедно. Но, тоа не беше ситуација која траеше. Почна да опишуваш живот кој не се совпаѓаше со мојот. Разговаравме за нашите желби милион пати, но ниту еден од нас не беше спремен да се помрдне Мислеше дека ќе бидам добро,  но знаев дека тоа ќе почне да ми пречи и навредува во некој момент.
Бевме премногу млади
Младешката љубов е најопасна поради тоа што мислиме дека љубовта е се што ни треба. Во некоја смисла и е, но се уште не сме вкусиле ништо од животот.  Постојат толку многу работи што сакавме да ги испробаме, а тоа требаше да го направиме сами. Ти сакаше да испробуваш работи со кои јас не се согласував, а јас сакав работи кои ти ги сметаше за глупави. Полека палевме оган кој на крајот не запали до темел.
Ти би се сменил
Ме сакаше и јас те сакав тебе. Толку многу се сакавме што сакаше да промениш се она што си за да бидеш со мене. Тоа можеби звучи како добра работа, но трагична е. Не можеш да го смениш тоа што си во суштина само за да бидеш со некој што го сакаш. Личноста треба да се сака токму поради тоа што е во суштина, не поради тоа што некој друг сака да биде.
Никогаш не се симна од облаците
Ова е зае*ано. Луѓето секогаш велат дека треба да чекорите по облаци во врска, но тоа не е вистина. Треба и да се карате, да не се согласувате и да имате спротивставени мислења и ставови. Морате да бидете во состојба да прифатите дека врската не може и не треба да биде совршена, бидејќи во тешки моменти таа созрева – како и вие заедно со неа. Ние никогаш не се каравме, а кога постоеше шанса за тоа, беше готова за неколку минути.
Мислеше дека нас никогаш ништо нема да не промени. Во меѓувреме ние се менувавме пред твоите очи. Знаев дека нас и еден најмал проблем ќе не уништи. Живеевме во лажен сон кој беше предодреден да стане кошмар.

 
Ми беше потребно да ме мразиш
Те гледав како плачеш на начин  на кој не верував дека некој би плачел за мене. Ти кажав ужасни работи и те распарчив на делови. Tи кажав дека постои некој друг. Тоа го направив намерно за да не ме замараш и да не се обидуваш. Никогаш не сакав да ме мразиш, но морав тоа да го направам. Требаше да почнам да ти се гадам од самата помисла на мене, за да можеш мирно да продолжиш понатаму.
Не постоеше никој друг, и не беше ништо од работите кои ти ги кажав дека си. Немаше друг начин и успеа. Ме мразиш повеќе од што некогаш си можел да замислиш, и со време продолжи понатаму.
Заслужуваш подобро
Престанав да те сакам. Тоа е најголемата вистина, Кога те гледав, не бев преплавена со среќа. Не ми беше важно ни дали ќе те видам или ќе разговарам со тебе. Не ми недостигаше. После две години, едноставно се избледе. Ме сакаше онака како што јас не можев да ти возвратам. И тоа не беше фер, јас знаев дека твоите емоции кон мене се силни. Беа длабоки, и заслужуваш некој кој го чувствува тоа за тебе со истата мера. Таа личност повеќе не сум јас.
Никогаш не сакав вака да се заврши, но мораше. Ти си сега во врска со некоја друга, кога ги гледам сликите ти ја препознавам онаа стара насмевка. Среќен си без мене и верувам дека ќе најдеш некоја која ќе те сака како што заслужуваш: 100 посто, без сомнежи и засекогаш.
Добро си токму поради тоа што те скршив. Ете затоа не ми е жал. Те уништив. Не разделив нас на најсуровиот начин на кој тоа некој можеше да го направи: ладно, тивко и брзо. Те оставив без одговор и објаснување и

Пронајдете не на следниве мрежи: