ИСПОВЕД НА ПОРАНЕШНА ПРОСТИТУТКА: Како изгледа мојот живот после илјадници муштерии

Оваа жена завршила само основно училиште и рано останала без родители…„Цели 25 години бев проститутка. Уличарка. Ку*ва. И успеав да се извлечам од сè и конечно да започнам нормален живот“, раскажала оваа жена од Хрватска, пишува Express.hr.
На изглед кршлива и со само неколку брчки, на оваа 50-годишна жена не можело од прв поглед да се заклучи со што се занимавала речиси целиот живот. Завршила само основно училиште и рано останала без родители. Запознала едно момче и се заљубила во него.
Кога излегував на улица, се чувствував како да одам на бесилка
„Тој, неговиот брат и сопругата на брат му се занимаваа со подведување. Бев млада и многу заљубена и немав поим од животот. Таа жена ме учеше како да заработам од своето тело. Искрено, не се сеќавам на првиот муштерија. Ги имав илјадници и сите сакам што побрзо да ги заборавам“, раскажала таа.
„Тогаш, на почетокот, секоја вечер излегував на улица и се чувствував како да одам на бесилка. Не ги мразев муштериите, туку оние кои ме натераа на таа работа. Иако навистина, никој не ме присили на тоа, јас не знаев за друго. Бев премлада и не размислував. Речиси сите пари кои ги заработував, морав да им ги дадам на моите макроа, па така неретко останував гладна. Единствено нешто што имав на претек беа презервативи“, се присетила таа и додала дека макроата секој ден ѝ носеле пакетчиња со презервативи.
„Никогаш не го сакав сексот. Ако го сакав, тогаш тоа ќе ми беше задоволство и не би морала да го правам за пари. Имав слобода да бирам со кој муштерија сакам да одам и што сакам да правам. Кај мене можеа да добијат само обичен секс, без перверзии, а презервативот беше задолжителен. И нема бакнување. Со бакнеж како да му ја давам својата душа, а вака сè остана само на бизнис. Ја плаќаа мојата услуга и време. Тоа ви е исто како кај таксистите. Стоите и чекате. Понекогаш ви доаѓаат повеќе муштерии, а понекогаш може да чекате цела вечер и никој да не се појави“, објаснила жената
Секс измеѓу 250 и 700 куни
Како уличарка зависела од просториите на клиентите, па сведоци на нејзината работа неретко биле споменици и дрвја во паркови, поштенски сандачиња и влезови на згради.
„Сепак, најчесто тоа го правев во автомобили или хотели. Нема хотел во кој не сум била во овој град и сите портири ме знаеја“, раскажала. Сексот го наплаќала од 250 до 700 куни, зависно од тоа колку ѝ се чинело дека некој може да плати и од тоа дали станувало збор за постојан клиент или случаен минувач.
„Повеќето сепак беа постојани муштерии. Најдраги ми беа оние кои уште од автомобилот до хотелот зборуваа што сè ќе ми прават и како ќе имаме секс, а тогаш кога конечно ќе стигневме, јас уште не сум се соблекла, а тие беа готови“, раскажала низ смеење.
Тоа, како што рекла, биле најлесно заработените пари. Секогаш биле љубезни, па знаеле да остават и повеќе пари отколку што барала.
„Често тоа беа оженети мажи, за кои секогаш се прашував зошто доаѓаат кај мене ако тоа што го нудам можеа да го добијат дома бесплатно. Во 25 години имав само 2-3 непријатности. Еднаш ми дојде еден маж, го направивме тоа во автомобил. А потоа извлече пиштол, ми го впери во главата и бараше да му ги вратам парите. Не сакав да му покажам дека се плашам, зошто тогаш сигурно ќе ме убиеше. Му реков да внимава што прави зошто имам луѓе кои стојат зад мене. Му ги вратив парите и излегов од автомобилот. Си замина, а јас тресејќи се од страв, се вратив дома“, раскажала таа, пишува Express.hr.
Сепак, најмногу се плашела од бесните сопруги и љубовници.

Често одела во затвор
„Имаше ситуации кога мажите нарачуваа по две-три проститутки и тогаш со колешките одевме со него затоа што мислевме дека можеме една на друга да си го чуваме грбот. Но, во случај кога сам ќе ме повикаше кај него, а да има уште други мажи или жени, не се согласував да одам. Секогаш се плашев од тие другите кои не ги познавав“, продолжила со приказната и додала дека, како речиси и сите нејзини колешки, била чест гостин во затвор.
Полицајците веќе ја познавале, а бидејќи проституцијата е противзаконска, често завршувала во притвор.
„Наутро одиш пред судијата, да ти даде два, три, пет дена притвор. Одиш, го одлежуваш тоа и потоа повторно си на улица“, објаснила додавајќи дека некогаш затворската соба ја делела со уште 15-тина проститутки.

Денес работи како чистачка
„А, тогаш во мојот живот неочекувано влезе отецот Драгутин Горичанец. Тоа беше во 2010 година. Ми пријде на улица и ми рече дека не морам да го правам тоа што го правам и дека може да ми помогне да се извлечам. Знам само за две-три жени кои успеале да се извлечат. Другите или уште го работат тоа, или умреле смрзнувајќи се на улица или се убиени. Сфатив дека имам речиси 50 години, дека муштериите преферираат помлади проститутки, а мене од сето тоа ми беше доста. И одлучив да престанам“, раскажала таа.
Денес работи како чистачка. „Среќна сум што сум жива. Сега конечно имам нормална работа и не можам да опишам какво е чувството да се живее на ваков начин. Не мислев дека тоа некогаш ќе биде можно. За сето тоа можам да му се заблагодарам на отецот Горичанец“, рекла со насмевка на лицето.
„Мојата душа цело време беше чиста. Го продавав телото и тоа е грев, но тоа не значи дека не го сакав Бог. Мислам дека бев помалку ку*ва од некои денешни девојки кои тоа што јас го наплаќав тие го прават бесплатно. Јас барем знаев зошто го правам тоа…“„Цели 25 години бев проститутка. Уличарка. Ку*ва. И успеав да се извлечам од сè и конечно да започнам нормален живот“, раскажала

Пронајдете не на следниве мрежи: