Исповед на поранешна проститутка: „Се можев да правам, но само од една работа се гадев…“

Кога имав 17 години почнав да се сексам по хотелите во замена за пари, многу пари, ја почнува својата исповед една проститутка. Беше лесно. Се што беше потребно, беше мојата слободна волја, автомобил и интернет.Откако ја објавив својата прва реклама како проститутка до моментот кога се најдов со 50 годишен лик поминаа 48 часа. Се навлеков веднаш после првиот клиент. Последните две години од средно училиште го правев тоа редовно. Својот последен состанок го имав за време на зимските празници на прва година факултет.
Имав се, но проституцијата ме палеше
Проституцијата беше мојот избор. Во средно бев одлична ученичка, родителите ми даваа великодушен џепарлак , не бев зависно од ништо, така што со ова не се занимавав зарди финансиите, пишува Vice. Не ни пушев, барем не до последната година од факултет – што беше 5 години откако го обработив својот прв клиент.
Единствена ќерка сум и ги имав сите можни привилегии на светот: спорт, танц, лизгалиште, летни кампови. Скијав по цела Европа. Ми беше одлично. Бев арогантна, љубопитна и паметна. И ме палеше идејата некој да ме плаќа за секс со повозрасни мажи, кои знаеја повеќе за тоа отколку моите врсници.
Им кажав на сите освен на своите родители
Некое време подоцна решив да ја раскажам својата приказна. И ја раскажав на секој. Гњавев луѓе по барови, авиони, момците со кои излегував…Не можев да престанам да зборувам за тоа. Единствено не им кажав на моите родители. Знаев дека мајка ми погрешно би го разбрала мојот избор но на крајот ќе се помиреше со тоа. Но се плашев дека тоа откритие ќе ми ја расипе врската со татко ми. На крајот двајцата дознаа и тоа преку Интернет.
Отидов дома, имав клуч но сеедно заѕвонив. Татко ми отвори: „Претпоставувам дека сакаш да разговараме“, рече тој. Ми понуди пијалок, беше 2 попладне, двајцата се напивме по нешто. Бев уверена дека полесно би прифатил да убиев некој, отколку дека сум ку*ва. Не знаев што да очекувам. Татко ми со сестрите и мајка му не разговараше 20 години поради расправија која ни денес не можам да ја разберам Знаев дека и мене може да ми се случи истото…

 
Разговаравме со саати за се и сешто, но во ниту еден момент директно не се насочивме кон мојата проституција. 
Ми раскажуваше за својата борба со вервериците. Разговаравме за роднините и за своите политички уверувања. Но помеѓу стави неколку работи кои ми беа многу важни. Ми рече дека се гордее со мене и дека секогаш без оглед на се, може да се вратам дома, а јас единствено од што се гадев беше помислата да им признаам за мојата работа. 
Татко ми не ме мрази, ме сака еднакво како и претходно
Видов дека не е лут. Се грижеше за мене како што тоа го правеше и порано. „Жал ми е што си иста како мене. Животот за тврдоглавите како нас е тежок“, рече тој. Мојот татко се борел во 3 војни, Убивал луѓе со сопствени раце, а јас се сексав со странци за пари. Двајцата сме се нагледале сешто. На никој од нас не ни значат деталите.
Празниците кои ги поминав со моите родители дојдоа и поминаа набрзо после тој разговор. Цело време го задржував здивот. Никој немаше прашање. Животот оди понатаму, а моите сексуални избори од пред 10 години едноставно не се толку важни.
Мојот татко неодамна ми го напиша ова:
„Направи работи за кои би сакал да не си ги направила. Направи работи со кои екстремно се гордеам. И така всушност би требало да биде. Кога детето ќе порасне станува своја личност, донесува сопствени и самостојни одлуки. Никогаш не сум ти кажувал како да си го живееш животот. Немам право на тоа. Се надевам дека те одгледав така што своите одлуки ќе ги носиш со јасна цел“.
Да тато, така беше!Откако ја објавив својата прва реклама како проститутка до моментот кога се најдов со 50 годишен лик поминаа 48 часа. Се навлеков веднаш после први

Пронајдете не на следниве мрежи: