Исповед на преживеан Британец: Додека со телото ја штитев девојката, луѓето околу нас паѓаа како покосени

Еден пар се нашол во центарот на теророт  кој се случи во  Париз во петокот. Луѓето на најневеројатни начини реагираат во моменти кога животот  на саканите личности се во прашање, а тој  имал само на ум да ја заштити својата девојка, па дури и по цена на сопствениот живот.Мајкл Оконор (30) од Велика Британија ѝ гледал на смртта во очи кога се нашол среде масакарот на концерт во Париз каде повеќе од 80 лица го изгубија животот . ова храбро момче легнало врз својата девојка и на тој начин ѝ го спасил животот.
Мајкл изјавил дека цело време мислел дека ќе умре. Тој, како што вели, во тој момент ја погледнал својата девојка Сара и  ѝ рекол дека ја сака, бидејќи бил  подготвен на најлошото. Сара била пооптимистична.
„Две млади лица дојдоа од задната страна на салата и  отворија оган на нас. Само на едниот можев да му го видам лицето. Ја зграбив девојката и се обидов да ја покријам така што легнав вр знеа, но никако не успеавме да избегаме бидејќи се создаде неверојатна гужва. Тие продолжија да пукаат од автоматско оружје, а луѓето само почнаа да паѓаат. Кога престанаа мислевме дека е крај, но тие го наполнија оружјето и продолжија да пукаат“, вели тој.

 
Кога го здогледал излезот на другата страна од бината, се обидел да се истурка низ луѓето  кои во  очај се туркале едни преку други, а Мајкл се повеќе губел надеж дека ќе преживее.
„Што да сторите во таква ситуација? Само чекав да умрам. Но, мојата девојка ми рече дека нема да умреме тука и беше многу силна. Одлучивме да се преправаме дека сме мртви и не се помрднувавме. Слушнав дека пукале и во луѓето кои  биле на балконот. Лежевме околу час и 15 минути кога дојде полицијата. Тоа беше такво олеснување, никогаш не сум бил посреќен“, рекол Мајкл кој со девојката живее во Лион во Франција.
„Она што сакаа да сторат беше да не исплашат. Не можеме да им дозволиме да не победат и овие луѓе едноставно се чудовишта, тие не претставуваат ништо, тие не се муслимани, тие се само животни. Како можеш да влезеш таму, мислам јас имам  30 години и веројатно сум бил еден од најстарите таму. Имаше многу тинејџери, луѓе во раните 20 ти дошле да слушаат музика. Немојте да дозволите ова да не деморализира, тоа е токму она што тие го сакаат“, изјавил Мајкл.Мајкл Оконор (30) од Велика Британија ѝ гледал на смртта во очи кога се нашол среде масакарот на концерт во Париз каде повеќе од 80 лица го изгубиј

Пронајдете не на следниве мрежи: