Општо познато е дека низ борделите во Македонија работат и девојки од соседните земји.
Една од Србинките кои беа фатени во бордели во Гостивар и беа протерани од Македонија, реши да и се исповеда на македонската полиција, пренесуваат српските медиуми.
„На гостите не им давава сексуални услуги, ми плаќаа дружење и разговори. Газдите ми даваа по 40 евра на ноќ, од секој коктел или гостите ако ми нарачаат, добивав 5 евра, а јас не пиев коктел туку сок или чај. Но, тие не знае, а гостите оставаа и бакшиш – некогаш и по 100 евра“, изјави Србинката М.С.
Србинките работеле во четири бордели, а сопственици биле Албанци. Рацијата ,, Зора,, се спровела во борделите Амстердам во Гостивар, Енерџи во Тетово, Европа во Ваксинце кај Куманово и во Ориентал АС во Жеровјане.
Приведени беа 40 девојки од кои 22 Србинки. Сите полнолетни, а меѓу нив имало и студентки. Девојките се депортирани и добија забрана за влез во Македонија.
Девојката М.С од Ниш рекла дека полицијата кога ја уапсила и ги зела и парите кои ги имала заработено.
„Не сакам да зборувам колку пари, ама тоа за во Србија е голема сума. Во Македонија отидов по препорака на пријателка. Таму бев еден месец. Не ми пречеше што газдата и гостите се Албанци, јас добро заработував и не ме малтретираа. Што требаше да црнчам во некоја продавница во Србија за 100 евра месечно, а во Македонија тие пари ги заработував за една вечер и тоа без мака“, изјавила девојката за српските медиуми.
Покрај овие девојки, имало и три девојки кои од претходно имале забрана за влез во Македонија, но сепак тоа го сториле на илегален начин. Девојките се задржани во земјата, со претпоставка дека ќе сведочат против газдите на борделите, кои ги донеле, за нелегално криумчарење мигранти.
Општо познато е дека низ борделите во Македонија работат и девојки од соседните земји.