„Уште како мало девојче станав сексуална робинка- мајка ми ме продаваше и ме водеше каде и да ме побараа, а клиентите беа припадници на елитата. Шефот на оваа мрежа на педофилија беше белгискиот министер. Клиенти беа припадници на елитата“, ја започнува својата приказна Анека Лукас од белгија која ја отворила душата во рамките на социјалниот проект „Вистинска жена, вистинска приказна“. „Препознав некои луѓе од телевизија. Нивните лица им беа познати на сите, додека јас се соочував со мрачната страна на нивната зависност, она што никој не би поверувал дека кај таквите луѓе постои. Бев со многу луѓе од ВИП таборот, па дури и со некои членови од кралското семејство. Некаде околу мојот 16-ти роденден, во 1969, ме земаа за оргијање за прв пат, во некој дворец. Ме врзаа со ремче за куче и ме натераа да јадам човечки измет. Откако ме оставија да лежам во таа гадливост, се чувствував толку понижена, морав да сторам нешто за да ја спасам својата душа, или само да умрам. Самата се одгледував, цел живот гледав бизарна маса аристократи кои се облечени како хипии на кои „трип музиката“ им служеше за забава за време на сексуалните активности. Голтаа таблети и пушеа марихуана“, раскажува Белгијанката.
Аника Лукас раскажала за тоа дека сведочела на убиство и за константниот страв во кој живеела со години.
„Бев постојано во страв, се тресев, но моето тело беше толку мирно моментот пред да го слушнам куршумот. Се чиреше чудна музика а повеќето луѓе беа премногу дрогирани за да ме забележат. Еден човек го фати мојот поглед. Изгледаше исплашено, но го задржа погледот некое време и ми се чинеше дека обрати внимание на мене. Потоа замина. Никогаш повеќе не го видов во моја близина, но година дена подоцна го видов на тв. Стана истакнат белгиски политичар. Во таа атмосфера, некој од нив ме одведе до кровот. Бев сигурна дека ќе ме убие, но наместо да ме убијат мене, ми покажаа тело од млада жртва која беше убиена од оној куршум кој го слушнав. Морав да останам мирна иако во себе врескав“, раскажува Аника Лукас.
За време на работните денови одела на училиште, но никој не знаел низ какво страдање минува кога часовите ќе завршат.
„Во работните денови одев на училиште, таму бев многу срамежлива и имав само неколку пријатели. Се сеќавам дека на училиште секогаш имав такви ситуации поради кои бев многу несигурна во себе. Кога ќе ми поставеа некое прашање, јас не го знаев одговорот и сите деца ми се смееа. Бев никој и ништо на училиште, а ни дома никој не се грижеше за мене. Повеќе внимание ми обрнуваа како роб. Чувството дека ве гледаат како преубав сензуален објект така моќните луѓе кои имаат високи стандарди е толку добро. Само тоа беше позитивно во мојот живот и само тоа ме одржуваше. Кога имав 10 години, нов посетител го доведе својот син кој имаше 20 години. Беше висок, смеѓ и имаше сини очи. Се насмевнав бидејќи ми се допаѓаше, а тој ме нарекуваше со погрдни зборови. Го прашав: Ти навистина мислиш дека мене овде ми се допаѓа? По тоа следуваше она што и секогаш- злоставување. Се вљубив во него, а истото тоа момче година дена подоцна само ладнокрвно стоеше, ме гледаше и се смееше кога сакаа да ме убијат бидејќи повеќе не им бев корисна на луѓето кои ја водеа оваа мрежа.
Ја надминаа секоја мера. Жестоката гордост која одеднаш ја почуствував го бодеше моето тело. Почувствував цигара како гори на мојата подлактица. Моето тело како да умре. Мислата „не ми требаш“ме преплави, се она што го гледав беше љубовта која ја чувствував, а не болката која ми ја нанесуваше. Тоа се случуваше некаде во 1974 година кога ме одведоа во мала соба и ме врзаа. Човекот кој ме мачеше беше еден од обвинетите за педофилија, случај за кој се веруваше дека ќе ја крене свеста и ќе ги раскине овие мрежи, но тоа не се случи. Требаше да умрам таа ноќ, но бев спасена во последен момент.
Додека ме мачеа некој млад човек преговараше со политичарот и се договараше дека ќе работи за него и ќе го покрива во замена за мојот живот“, вели несреќната Белгијанка.
На Аника Лукас ѝ биле потребни 40 години да собере храброст и да излезе во јавноста.
„Во 1988 година кога имав 25 години и се шетав по улиците на Лос Анџелес почувствував мирис на човечки измет кој ме врати на сеќавањата на понижувачкото детство. Се идентификував со тоа искуство, а срамот беше огромен. Не бев подготвена за нов живот, сеќавањата од подсвеста уште наидуваа. Ми требаа уште неколку години уште многу часови психотерапија за да сподеалм со некого се она што ме мачи. Одлучив своето искуство да го споделам со луѓето бидејќи мислам дека светот е подготвен да се соочи со тоа што живее во темнината. Ваквите работи мораат да се знаат доколку мислиме да живееме како луѓе. Сите кои пеживеале инцест, сексуално злоставување или било каков вид на таква загрозеност, ја имаат мојата сила. Со оглед на тоа дека боледувам од посттравматски стрес се уште сум вознемирена кога ќе слушнам некоја техно музика и се вознемирувам околу било што ќе ме потсети на детството. Вложувам многу енергија за да го преживеам не само физичкото насилство, туку и она психичкото- носење со срамот. Ги живеам деновите обидувајќи се да се излечам од сексуалото злоставување кое бара стопати повеќе сила од било што. Светските предводници, корумпираните политичари кои ги злоставуваат децата сигурно како деца имале некоја траума и не успеале да ја пребродат па несвесно на тој начин му се одмаздуваат некому. Тие не се храбри. Оие кои почувствувале злоставување би требало да се усмерат на преживување и да се зајакнат како личност, за да се борат и успеат во тоа“, ја завршува својата исповед Аника Лукас.
„Препознав некои луѓе од телевизија. Нивните лица им беа познати на сите, додека јас се соочував со мрачната страна на нивната за