Семејството Мистковски живее на улица 20, една од најпогодените улици од поплавата која го зафати селото Стајковци во саботата на 6-ти август.Наде и Трајче Митковски во саботата ги вршеле секојдневните обврски во саботата кога одеднаш започнало невремето.
„Случајно со сопругот се качивме на вториот спрат, бидејќи од таму е поголема видливоста, за да видиме дали паѓа град. Не зедовме ништо со нас, телефоните отанаа на долниот спрат.Излегов на терасата и само здогледав огромна вода како надоаѓа кон нашата куќа. Брзо го предупредив сопругот. Тргнавме кон долниот кат, но водата веќе почна да навлегува во куќата. Брзо земавме се што имаме од горе, постелнина, ткаенини за некако да го соречиме навлегувањето на водата.
Откако увидовме дека немаме што повеќе да сториме се качивме на катот, веќе беше темница, немавме ниту свеќа ниту пак телефон со нас. Не знам колку време помина, не знам ни колку беше часот. Почна да се слуша машки глас од надвор, велеше ПОМОШ, ПОМОШ. Се спуштивме со сопругот, погледнавме низ вратата, која веќе беше ширум отворена од надојдената вода, но не можевме да видиме ништо, не можевме да лоцираме од каде доаѓа гласот.
Каде си дете, не можам да те видам, извикав. Рече дека е на некое дрво, веројатно водата го исфрлила на дрвото. Рече дека претпоставува дека се работи за јаболко, успеавме да го насочиме кон оградата од терасата. Некако усепа да дојде до вратата од куќата. Со сопругот го вовлековме внатре. Го качивме ка катот. Беше црна темница, едвај се снаоѓавме. Брзо најдовме суви алишта. Облече суви алишта и го легнав во кревет и го покрив со се што можев да најдам, беше премрзнат и сиот омодрен. Му се спиеше, но постојано се трудев да го одржам буден, имаше треска.
Во меѓувреме бурата полека стивнуваше, па сопругот излезе надвор да побара лекарства од соседите, за да се обидеме да му ја намалиме треската. по некое време полека почна да се враќа при свест. Рече дека се вика Риат и дека се враќал дома. Но невремето го зафатло токму на автопатот, и водата го понела заедно со автомобилот. Решил да излезе од возилото и да се обиде да спаси жива глава. Ете водата го донела на нашата јаболкница, па успеавме да му пружиме помош. Инсистиравме да остане до следното утро, но ги контактираше неговите роднини па истата вечер дојдоа по него.
Не знаеме што се случило со него понатаму. Се надевеме дека е жив и здрав“, се присетува Наде на кобната сабота.Наде и Трајче Митковски во саботата ги вршеле секојдневните обврски во саботата кога одеднаш започнало невремет