Исповед на сингл девојка: Зошто веќе две години немам момче

Живеам во Белград, имам 27 години, самостојна сум, паметна, атрактивна и во склад со најновиот тренд „сингл“. Благодарение на добрите гени на моите родители немам проблем да привлечам машко внимание, но по само неколку излегувања го губам интересот за нив.Сите од моето опкружување , вклучувајќи ги секако и моите родители ми велат дека очекувањата ми се преголеми и дека би требало да ги спуштам критериумите. Јас не се сложувам со нив. Мојата „шолја чај“ е таму некаде и јас точно на време ќе стигнам до неа, а до тогаш, ајде да ја разрешиме мистеријата: „Зошто сум сингл?“
Сама сум затоа што одбивам со партнерот да гледам филмови кои не ги сакам и слушам музика од која ми се крева косата на главата.
Зошто ми е подолг јазикот од умот па на првиот состанок прашувам
„Каков прашок користи твојата мајка?“
Зачудено ми одговара:
„Како знаеш дека мајка ми ми ги пере алишатата.“
Молчеливо мафнувам со раката и преоѓам на друга тема додека нечујно себеси си одговарам:
„Така што мирисот на твојата маица ми штипе на очите и така што е испеглана како штотуку да си ја симнал од закачалка од екслкузивен бутик“.
Сама сум затоа што не можем да кимнам со главата кога мажот ќе каже: „Ќе ме чекаш дома со подготвен ручек, а јас потоа ќе гледам фудбал и ќе пијам пиво“.
Затоа што мислам дека Сони е девојката со која ме изневерува. Бидејќи ни на крај на ум не би паднало дека „возрасен“ маж е во состојба да игра игри до полноќ.
Затоа што немам трпение да почекам три месеци за „мажот“ да собере храброст да ме викне на состанок.
Ете затоа сум сама.
 Сите од моето опкружување , вклучувајќи ги секако и моите родители ми велат дека очекувањата ми се преголеми и дека би требало да ги спуштам критер

Пронајдете не на следниве мрежи: