Знам дека за многумина моите проблеми звучат безначајно, но за мене не се…Сите мислат дека тинејџерските проблеми се минливи и неважни. Но, јас имам 16 години и имам впечаток како целиот свет да ми се руши, а вие слободно речете дека тоа е глупост. Веќе некое време сум вљубена во едно момче. Постр е од мене година дена и ја падна годината поради три единици, по математика, физика и англиски јазик.
Да, знам, тотален пропалитет. Не можам да ви објаснам колку е добар и убав. Веројатно мислите дека е глупав и некаков наслник, но далеку од тоа. Тој е само несфатен. Мајка му почина, а неговиот татко е по цел ден пијан. Што е најлошо, тој е муслиманин.
Кога ќе кажам „што е најлошо“, не мислам на тоа поради себе. Бидејќи што се однесува до мене, може да биде и марсовец, јас пак би го сакала. Проблемот е во тоа што моите родители се посветени православци и редовно одат во црква. Така што не би можела ниту да им се пожалам и кога би сакала. Веднаш би ми забраниле да се гледам со него.
Јас сум добар ученик и ме сметаат за бубалица. Но, откако се вљубив во тоа момче, оцените ми се расипаа и главно го минувам времето на интернт барајќи решение за моите проблеми. И сфатив дека тука нема помош. А го сонувам ноќе и очајно сакам да водам љубов со него. Немам никаква можност, го знам тоа. Тој и онака гледа повеќе во мојата најдобра пријателка отколку во мне. Да, тоа е сепак најголемиот проблем.
Знам дека кога стео ова ќе помиме ќе се чувствувам подобро, само што сега не можам да спијам и постојано чувствувам дека имам камен на стомакот и срцето. Сите мислат дека тинејџерските проблеми се минливи и неважни. Но, јас имам 16 години и имам впечаток како целиот свет да ми се руши, а
Пронајдете не на следниве мрежи: