Исповед на Турчинот кој легна пред тенкот: Им кажав да одат назад или…

40-годишниот Турчин Метин Доган, чија фотографија пред тенкот станала симбол на отпорот на поддржувачите на Ердоган против обидот за пуч, за британските медиуми опишал како моментот кога ја гледал смртта во очи ја “инспирирал нацијата”.Во интервјуто за „Daily Mail“, Доган раскажал што го навело да легне пред тенкот и така да спречи дел од војниците да го заземат аеродромот “Ататурк” во Истанбул ноќта помеѓу петокот и саботата.
„Не размислив два пати. Им кажав да одат назад или до аеродромот преку мене. Кога легнав, гледав целото тело да ми биде под тенковската гасеница. Помислив дека ако веќе ме газат, нека ми ги смачкаат срцето, мозокот и сите други органи наеднаш”, рекол Доган.

Турчинот, кој самиот бил дел од турската војска пред десет години, вели дека во ниеден момент не се посомневал во исправноста на својата постапка.
„Кога видов на телевизија што се случува, не губев време. Моментално му се јавив на брат ми и му кажав: Ти имаш семејство и деца, остани, но јас ќе одам. Само излегов″, рекол Доган, апсолвент на Медицинскиот факултет во Истанбул.
Овој Турчин, чиј гест дури и го започнал трендот на Твитер под хаштаг #tankman, вели дека не е член на ниедна политичка партија, и дека тој вид на определеност кај него немал влијание.
„Не сум член на партија, ниту некогаш сум гласал. Не ме интересира која партија ја води турскиот претседател, но тој е мој претседател и лидер на мојата земја. Тоа што не сакам се силеџии, и не би можел да дозволам да ја преземат власта со сила”, рекол Доган за Daily Mail.
Кога тргнал кон аеродромот, бил оддалечен на околу шест километри.
„Бев подготвен и да трчам. За среќа, сопрев еден млад мотоциклист и го замолив одведе до аеродромот. Момчето имаше околу 22-23 години. Одвај го убедив да ме понесе. Дури и цело време му зборував на пат кон аеродромот, за да го премислам доколку сака да направи нешто непромислено”, рекол Доган, кој планира да стане психолог.
Кога дошле на аеродромот, пред нив се нашла колона од војници кои пукале во воздух.
„Само пукаа нагоре. Тоа беше претстава за камерите. Не губев време и истрчав помеѓу нив, директно пред тенкот. Едноставно, беше вистински момент за борба. Велеа дека ќе ме застрелаат, но ги игнорирав. Војникот од тенкот ми се обрати: “Те молам, ветуваме дека ќе се вратиме назад, само бегај од улицата”. Така и беше”, завршил Доган.Во интервјуто за „

Пронајдете не на следниве мрежи: