Исповед на вистинскиот „Волк од Вол Стрит“: Целото богатство го потрошив на кокаин и проститутки!

Гиачето живеел луд живот. Се зборува дека Ди Каприо баш него го искористил како инспирација кога глумеше во „Волкот од Вол Стрит.“ Дури и кога останал без своето богатство и си ја отслужил казната, не можеше да се воздржи, па повторно е уапсен бидејќи ја украл картичката на својот пријател за да си купи алкохол и авионска карта.Музата доаѓа во облик на њујорчанецот Дејн Гиачето, кој некогаш му бил близок пријател на холивудскиот актер. И тоа толку близок пријател, што дури и еден период живееле заедно во неговиот стан во срцето на Менхетен.
„Лео ми беше како помал брат“, тврди 51-годишниот Гиачето. Раскошните забави кои редовно ги организираше во својот дом беа легендарни и обврзни за светскиот џет-сет. Негови постојани гости беа Кејт Мос, Џони Деп, Винона Рајдер и бројни други клиенти за чии пари добро се грижел. Минималното вложување во неговиот фонд изнесувало 1 милион долари, освен ако потенцијалниот клиент е „кул“, при што ја намалувал тарифата. Гиачето се присетува на забавите на кои се точело скапо шампањско, се шмркале линии кокаин, се делеле проститутки за 5.000 долари, а сето тоа било за ненаситните апетити на поканетите гости, меѓу кои се наоѓале и топ модели, рок ѕвезди, актери и уметници.
„Моите бизнис потфати со години беа толку добри и големи што ги привлекуваа и најголемите ѕвезди од светот, како и многу сериозни инвеститори кои ми велеа: Овој тип знае како да тргува. Има дарба. Можеби е луд, можеби е женкар, но знае што прави.“

Според неговото признание, тој летал преблиску до сонцето и ја загубил контролата. Имено, во 2000 година тој ја призна вината пред њујоршкиот суд поради губитокот на милиони долари кои им припаѓале на неговите клиенти. Беше осуден на 57 месеци затвор. Со тужбите и затворските казни исчезнаа и неговите славни пријатели. Иако Леонардо Ди Каприо веќе со години не разговара со својот „панк-рок херој“, Гиачето е сигурен дека баш тој му послужил како основна инспирација за улогата во спомнатиот филм, иако славниот актер никогаш не го изјави тоа.
„Се чувствувам многу лошо поради губењето на парите и затоа што бев зае*ан. Никогаш во животот немам украдено пари, но и зошто би им го правел тоа на луѓето што ги сакам?!“, тврди Гиачето.
Сепак, ни по отслужувањето на затворската казна Гиачето не го напушти својот начин на живот. По излегувањето од затвор во 2003 година, храната, алкохолот и дрогата повторно беа дел од неговото секојдневие. Својата приказна ја завршува така што изрази жалење за својот начин на живот, но и дека не се кае како го проживеал тој период од животот бидејќи го нарече неговиот „идеален свет од фантазијата.“Музата доаѓа во облик на њујорчанецот Дејн Гиачето, кој некогаш му бил близок пријател на холивудскиот актер. И тоа толку близок пријател, што дури

Пронајдете не на следниве мрежи: