Исповед на заводник: Зошто НИКОГАШ не треба да бакнете некој како што сум јас

„Немој да се вљубиш  во луѓе како мене, ќе те уништиме на најдобар можен начин“, ја почнува својата исповед момче кое ужива да ги крши женските срца. Токму така- УЖИВА.„Има илјадници луѓе кои пишуваат  за тоа како им го скршиле срцето. Ретко кој спомнува  како му е на срцекршачот. Јас мислам дека му е потешко. Тешко е кога некој ќе се заколне  дека ќе те сака вечно и тогаш како некој да притиснал копче и се исчезнува. Она излишено ‘не е до тебе, до мене е’, навистина е точно бидејќи и нема никаква врска со другата личност. Знаеш дека испаѓаш кретен но нема повеќе љубов и нема ништо на светот  што би  можело да го промени тоа. Да скршите нечие срце е една од најтешките работи на светот, но мораш да го сториш тоа. Да гледаш некого кој ти  значи  во очи и да му кажеш дека е готово е ужасно чувство.
Кога е готово се чувствуваш по**ано иако  тие причини се оправдани. Единствено што е полошо од тоа е да шутнеш некого без да го сториш тоа.
Срцекршачите  се непостојани по природа што е и благослов и клетва. Имаат незаситен апетит кон животот и бараат  нешто подобро постојано. Тоа ги тера да менуваат.
Срцекршачите имаат внатрешна војна во главата. Ние всушност сме празни школки  кои дури би сакале да го заменат местото со повредената личност, за да почувствуваат барем нешто, па дури и болка.

Знаеме  за болката која ја нанесуваме но тоа  не допира до нас. Жалиш што си повреил некого, но не поради личноста туку поради чувството дека не можеш да ги контролираш своите чувства.
Кога заминуваш околу себе креваш 4 ѕида и одбиваш секого кој би можел да ти се приближи. Би се казнил самиот себеси бидејќи знаеш дека не заслужуваш добро бидејќи си кретен кон девојките. Ќе имаш некоја врска бидејќи ти недостига љубов, ќе имаш секс на една вечер.
Само срцекршачот знае што чувствува  додека остава трага на скршените срца. Барем оставените имаат чиста совест. Оној повредениот знае дека сакал искрено.
Оние кои постојано кршат срца осудени се да живеат со тоа а никогаш не знаат дали навистина сакале.
Затоа на сите кои имаат скршено срце ги советувам да не бидат тажни, можело да биде полошо- сте можеле да бидете вие кои сте скршиле некого“, раскажал овој анонимен Казанова.„Има илјадници луѓе кои пишуваат  за тоа како им го скршиле срцето. Ретко кој спомнува  како му е на срцекршачот. Јас мислам дека м

Пронајдете не на следниве мрежи: