Жената која спиела со свештеникот и сега смета дека поради тоа ќе заврши во пеколот, својата исповед ја напишала на сајт, на кој можела да остане анонимна, а еве што напишала…Го познавам со години. Во една прилика си разменивме броеви, бидејќи заедно работевме на еден проект за црква. Од тогаш често се гледавме.
По некое време, купив нов телефон, и им се јавив на сите контакти кои не ги препознавав за да видам кои се тие луѓе, а меѓу нив беше и неговиот број. Во текот на разговорот ме праша каде живеам, а му одговорив со прашањето, зошто кога не планирам да го поканам на кафе. Тој се насмеа.
Продолжи да се шегува како веројатно немам поим да готвам, и да се клади дека веројатно сум лоша во кревет. Во тој момент тотално се збунив. Набрзо го завршивме разговорот.
Еден ден облеков секси, но конзервативен комплет и отидов во црква. Останав за време на целата миса, а кога заврши, решив да му пријдам. Поминаа пет години откако последен пат се видовме. Внимавав да бидам слатка и едноставна, а потоа си отидов.
После тоа ми се јавуваше по десет пати дневно. Јас само го игнорирав. На крајот му се јавив и отидовме само на ручек, по кој, со недели разговаравме на телефон.
Конечно го поканив дома. Сакав да направам вистинска атмосфера, но сепак да не асоцира на секс. Ја средив целата куќа, се истуширав и се облеков, но не многу секси. Зготвив некои ситници, го вклучив телевизорот и неколку лампи. Целта ми беше да постигнам опуштена вечера.
Кога стигна седевме во дневната соба и разговаравме. Во еден момент ме бакна. Се правев дека не го сакам тоа и дека не сум лесна. Но полека се предадов и ме однесе во спалната соба.
Сексот беше фантастичен, и знам дека поради тоа ќе горам во пеколот.Го познавам со години. Во една прилика си разменивме броеви, бидејќи заедно работевме на еден проект за црква. Од тогаш често се гледавме.