Како една жена стана љубовница, а беше личност што се колне дека никогаш нема да оди со оженети мажи… Патот е тежок, но неговиот завршеток таа го опишува во текстот што ви го пренесуваме во целост.Во моите подоцнежни дваесетти години веќе бев разведена. Мојот сопруг беше насилник и ми требаа повеќе години да преболам се што ми се случи со него. По разводот, кога се преселив, конечно почнав да си доаѓам на себе. Немав деца, имав одлична работа, накратко бев независна и среќна жена.
Но, тогаш „паднав“.
Очигледно јас сум една од оние кои ги осудуваат другите за нивните постапки, а потоа ги прават истите постапки во сопствениот живот.
Имав афера со оженет човек.
Човекот со кој се сплеткав веќе имаше доста искуство во изневерување на својата жена, и воопшто не се потресе за нашиот однос, ниту пак ме лажеше дека е вљубен во мене и дека ќе се разведе. Од друга страна, јас целосно се вљубив и заборавив на сите свои принципи и морални гледишта.
Така, од една деструктивна врска скокнав директно во наредната. Сите мои верувања во врска со здравите и долги врски ги фрлив во вода и се вљубив во човек што не го ценеше ни сопствениот брак. И не само тоа, туку и своеволно дадов свој придонес во пропаѓањето на туѓиот брак.
За моето однесување неме оправдување, но барем од тој однос научив неколку важни работи. Научив колку е тешко да ги предадеме оние кои ги сакаме. Научив дека мрежата на лаги што секојдневно ги плетеме може да не доведе до разорна анксиозност. Научив како изгледа кога не се сакаме себеси.
Знаете ли воопшто, колку труд е потребно за да бидете успешни во бракот или во врската? Потребно е многу храброст и добра комуникација. Потребно е заедно да ги решавате проблемите. Потребна е многу љубов и почит, дури и ако почетната страст исчезне.
Накратко, на крајот завршив со таа афера. Знам дека попуштив пред моменталното задоволство само затоа што бев повредена по разводот. Едноставно, ме привлече целата таа приказна за слатки тајни, забрането овошје и табу.
Потоа, две години не излегував со никој. Знајте едно: На почетокот на аферата можеби чувствувате пеперутки во стомакот и вљубеност, но наскоро без исклучок следи очај, стрес, тага и срам.
После некое време почнав да се сакам себе и своето тело. Почнав да работам и да вежбам. Правев работи што ме правеа среќна. Си признав себеси што направив и си простив.
Ако мислите дека можете да насетите кога партнерот ве изневерува, се лажете. Тоа е многу тешко.
Односите станаа комплицирани. Затоа, најважно е да се сакате себе и да бидете спремни да простите. Верувајте, се друго е помалку важно.Во моите подоцнежни дваесетти години веќе бев разведена. Мојот сопруг беше насилник и ми требаа повеќе години да преболам се што ми се случи со нег