Исповед на згодната професорка од Фејсбук: Не го прекршив кодексот

Не згрешив што објавив некои фотографии на интернет уште во 2010 година, додека студирав на Природно-математичкиот факултет во НишВака ја почнува својата приказна професорката по биологија и екологија во Основното училиште „Вук Караџиќ“ во Врање, Марија Михајловиќ (27) и додава:
„Со објавувањето на фотографиите не го прекршив кодексот на однесување и облекување во училиштето“.
Вели дека сака што поскоро да стави точка на приказната за разголените фотографии на нејзиниот Фејсбук профил, поради кои во еден момент се вжешти ситуацијата.
Спорните фотографии ги заклучила, а некои и дефинитивно ги тргнала од својот профил. Згодната, ведра и расположена професорка не дава знаци на збунетост ниту огорченост поради провлекувањето низ медиумите и лајкувањето на нејзините послободни фотографии.
„Кога ги објавив фотографиите на социјалната мрежа, се уште бев студент и никаде не работев. Единствено не знаев дека моите приватни фотографии се достапни за сите корисници на таа социјална мрежа. Не можам да верувам дека некој се занимава со туѓи животи“, вели Михајловиќ.
„Не сум мажена и никому не сум дала таков повод. Со никого не сум се замерила. Секојдневно ме бараа пријателите, познаниците, роднините. Ме бодреа и поддржуваа. Сите се затечени“, вели професорката која секојдневно во 11 одделенија дружи со 300 ученици.
Факултетот го завршила во 2011 година. Од 1 април годинава  се вработила во училиштето „Вук Караџиќ“. Ја менува колешката која е на породилно отсуство. Сака што побрзо да добие постојано вработување и да се усовршува.
„За пишувањата во медиумите дознав од пријателките. Останав без текст. Им се пожалив на родителите и на сестра ми и на тоа се заврши. За мене ова е крај на несреќна приказна“, вели професорката.Вака ја почнува својата приказна професорката по биологија и екологија во Основното училиште „Вук Караџиќ“ во Врање, Марија Михајловиќ

Пронајдете не на следниве мрежи: