Адел Бербер (29) Данстабл во Велика Британија му се спротивставила на својот силувач. Фердинанд Манила ја нападнал додека се приближувала кон својот дом. Кога ѝ го ставил јазикот во уста, таа го прегризала, а потоа побегнала со јазикот во уста за да има доказ за полицијата.Адел Бербер се појавила во емисијата „This Morning“, каде отворено раскажала за тоа како ја нападнал маж додека одела кон својот дом.
Кога ја грабнал и почнал да ја бакнува таа му го гризнала јазикот и побегнала со него. Така на полицијата и обезбедила доказен материјал- на основа на ДНК анализа тие можеле да го утврдат идентитетот на напаѓачот.
Два месеци подоцна полицијата го уапсила Фердинанд. Испаднало дека тој недолго по нападот на Адел нападнал и старица од 55 години. Сепак, откако бил сослушан, полицијата утврдила дека тој не е ментално способен да оди на судење.
На Адел ова не ѝ е прв пат да биде силувана. Таа пред 10 години изгубила една парница, бидејќи не можела да го докаже силувањето.
„По првиот напад бев во агонија. Бев млада и наивна и не отидов веднаш во полиција, па немав доволно докази. Затоа сега знаев што да правам. Морав да се осигурам дека барем него ќе го казнат“, вели таа.
Сега таа апелира и до другите жртви на силување да сторат се што е во нивна моќ нивниот силувач да ја добие заслужената казна.
„Стравот може да ве парализира, но доколку можете, возвратете и обезбедете доказ“, советува таа.
Иако и овој пат била преплашена кога Манила ја турнал кон ѕидот, била доволно свесна да сфати дека тој станал ранлив кога ѝ го турнал јазикот во уста.
„Сакав да обезбедам доказ и да му зададам болка. Не планирав да му го одгризам јазикот, туку само неговата ДНК да остане на моите заби. Но кога го гризнав видов дека тој ужива во тоа. Затоа бев немилосрдна и успеав да го оттргнам од себе“, вели таа.
Таа избегала во својот дом со неговиот јазик во устата и веднаш повикала полиција, пред да му каже на сопругот што се случило. Сега е задоволна што успеала во својата намера, бидејќи нејзиниот напаѓач е прогласен за виновен.
Адел Бербер се појавила во емисијата „This Morning“, каде отворено раскажала за тоа како ја нападнал маж додека одела кон својот дом.



