Да има свое мислење и секогаш да биде на страната на „пријателот“ колку и да е грешен. Не поднесувам груби и прости мажи. Сакам мажи кои се господа, вели една млада девојка, која ни се претстави како Ивана и на која човек одвај би ѝ дал дваесет и две-три години, пишува „Дневник“.Но, оваа триесетгодишна русокоса, по која се свртеа барем десетина мажи во кафулето каде што ја договоривме средбата, изгледа мошне опуштено на прв поглед. Kако и нејзините клиенти, до неа дојдовме со препорака од нејзина пријателка. Уште еднаш повтори дека смета на нашата дискреција и дека имиња на бизнисмени, политичари и на амбасадори-странци со кои спиела нема да споменува.
– Ако една девојка добро изгледа, ако е весела, ако е паметна, лесно може да влезе во кругот на девојки кои се дружат само со елитата. Секој сака покрај себе убавина и задоволства. Јас научив како тоа се прави, но сакам да потенцирам дека сум имала и многу тешки моменти. Но, тоа е животот. До клиенти се доаѓа единствено само со препорака и тука станува збор за затворен круг луѓе. Девојките им се нудат на пријателите, па потоа пријателите на свои пријатели, но главно богати мажи, кои се галантни, излегуваат во скапи кафулиња, во дискретни сепареа. Се е доброволно, нема ништо насила. Станува збор за луѓе-господа, кои не сакаат времето да го минуваат со прости жени, туку со убавици кои знаат што е живот и кои немаат предрасуди – раскажува Ивана.
Таа вели дека сите девојки што се дружат за пари се високо образовани, дури и работат на многу добри работни места, но, едноставно, имаат неверојатна желба да живеат на висока нога. Додава дека елитните девојки како неа немаат ценовник, а нивните услуги се договараат лично. Девојката сама избира дали ќе стане збор за пари, други услуги, подароци или, пак, ако со клиентот е повеќе од еден ден, следува џепарлак во кеш.
Ивана вели дека не излегува од дома под 150 евра.
– Не станува збор за секс, туку за начин на живеење. И единствено жалам зошто не почнав порано, сега којзнае каде ќе бев. А домаќинките нека не се занесуваат дека нивните богати мажи седат мирни. Сум била на десетина „службени“ патувања. За неколку незаборавни дена во прошетки и нежности од успешен маж, на кој сум му центар на вниманието од рано наутро до вечерта, се враќам дома потполно нова, полна со самодоверба и со полн паричник. Работам и имам добра плата, но јас, едноставно, сакам да сум опкружена со моќни мажи, кои се успешни бизнисмени – вели Ивана.
Таа додава дека никогаш не и недостигале градски манири оти растела во Скопје, учела во одлична гимназија, дипломирала на Правниот факултет. Вели дека имала убаво детство, не живеела во луксуз, ама родителите и ги овозможиле сите задоволства, летувања, зимувања, образование, комоција, а кога наполнила 18 години и купиле и автомобил.
– Не се доживувам како проститутка и многу ме нервира кога така не нарекуваат. Јас сум само девојка што сака да ужива, доброволно излегувам со мажи кои не се голтари. Kолку повеќе имаат пари толку повеќе сум спремна на се. Ме возбудува чувството дека маж кој е моќен и самоуверен и успешен ми угодува мене – ја продолжува својата приказна Ивана.
Вели дека почнала сосем случајно, од љубопитство и желба за пари.
– Една моја пријателка, која секогаш живееше во сиромаштија, одеднаш почна да живее на висока нога. Ја земаа од дома со бесни автомобили, а таа кога минуваше по улица мислам дека на сите соседи ќе им испаднеа очите. Во една пригода ми се довери што прави. Не ја осудив, туку ја поддржав. Но, ми беше мака зошто јас мора потешкиот пат да го одам. Со автобус на факултет, со стари сандали на забава, за работа врски фаќаше татко ми. А на сосетката сами и се нудеа, не должеше никому ништо и беше среќна. Еден од нејзините љубовници и купи и стан и сега ужива во животот – вели Ивана.
Таа додава дека пред шест години ја поканила згодната сосетка да излезат на кафе, потоа почнале се почесто да се гледаат.
– Ги следев сите нејзини движења насмевки, реплики, ме запозна со нејзини пријатели. Еден нејзин поранешен љубовник ми се јави на телефон. Ме покани да излеземе, на ручек. Прифатив. Ме чекаше пред зграда со џип, а јас кога го видов, сфатив дека нема враќање. Ме однесе на ручек во еден ресторан на влезот во Скопје. Беше многу учтив, разговаравме и се смеевме на многу теми. Потоа ме покани да отидеме кај него. Знаев дека треба да се случи тоа, но и покрај големата желба, јас едноставно не можев. Се тресев како лист, се плашев. Но, кога влеговме кај него дома, кога видов во каков луксуз живее, заборавив на се. Пари не му побарав, тој си знаеше однапред и пред да ме врати дома, извади од паричникот 100 евра и ми рече: „Почести се“. Потоа ме препорачал на пријател. Сега ми е само важно како ќе се дотерам, колку пати одам во козметичко студио, со кого седам во сепаре и кој ме бара на телефон. Точно е дека неколку пати во одбрано друштво, заради расположение, сум зела и кокаин, тоа страшно ме опушта, иако срцето ми чука толку силно што ќе ми излезе од градите. Неколку пати сум помислила и да се смирам, да се вљубам и да заборавам. Сакам деца, но не сега. Уште малку да поуживам и крајот ќе му родам дете на некој со многу пари – вака се гледа Ивана себеси по пет години.
Нејзината познајничка Мила, која исто така сака за пари да се дружи со богати господа, иако има само 24 години, зад себе има веќе два абортуса, скршено срце, но нов автомобил, најнов модел на мобилен телефон и модерна облека.
– Му бев љубовница на еден повозрасен директор две години. Имав и клуч од неговиот стан. Мислев ќе ме побара за жена оти на неговите пријатели ме преставуваше како девојка. Првиот пат кога останав бремена, беше многу лут, морав да абортирам, тој закажа се. Вториот пат не му кажав, сама отидов, ама за да му се одмаздам, спиев со неговиот бизнис-партнер. Тогаш сфатив дека во светот има уште богати мажи кои ме посакуваат. Сакам пари, убави парфеми, најнов модел на мобилни телефони, но и брендирани чанти. Не се заморувам со озборувањата, за секого ќе се најде по некој муабет, ама кој губи има право да се лути. Важно ми е да живеам убаво. Не размислувам што ќе биде утре, само знам дека за пет години ќе си заминам кај татко ми во странство. Kога одам како придружба за викенд или на одмор, кажувам дека сум со другарки. Завршив на еден приватен факултет, имам диплома, имам добро работно место, автомобил и десетина мажи кои ме обожаваат – вели Мила додека постојано пишува на својот најнов „ајфон“. На крајот од средбата не замоли да не објавуваме имиња оти тоа нема да било добро ни за неа ни за нас.Но, оваа триесетгодишна русокоса, по која се свртеа барем десетина мажи во кафулето каде што ја договоривме средбата, изгледа мошне опуштено на прв