Вака приготвените пирошки ќе ги израдуваат вашите најмили и ќе го исполнат домот со примамлив мирис. Идеални за есенските денови!Начинот на подготовка е едноставен, но ќе ви треба слободно време и трпение.
Потребни состојки:
500 гр. брашно за подготовка на тестото
1 сув квасец
1 јајце
2 дл. млеко
2 дл. течен јогурт
малку сол
1 прашок за пециво
За крем: сирење, салама или сушена шунка.
Начин на подготовка:
Од состојките замесете тесто и развлечете го. Потоа исечете го тестото во правоаголници и наполнете ги со сирењето и шунката кои претходно сте ги исекле на тенки лентички. Ако повеќе ви се допаѓаат пирошки со свежо сирење, ставете го сирењето наместо саламата и тврдото сирење. Важно е кремот да го ставите на средината на правоаголникот.
Обликувајте со рацете долгнавести пирошки и во подлабок сад ставете масло. Пирошките се пржат рамномерно и со постојано превртување. Се служат топли со јогурт или кисело млеко.
Наздравје!Начинот на подготовка е едноставен, но ќе ви треба слободно време и трпение.
Потребни состојки:
500 гр. брашно за