Недостатокот на сон може да биде главна причина за бројни здравствени проблеми. Тоа значи дека мора да отспиете задолжителни 8 часа во текот на ноќта за да може нормално да функционира утредента.Заради подобрување на сонот, маслата можат да бидат исклучително ефикасни. Веројатно сте свесни за различните намени и предностите на етеричните масла, а ние ќе ви покажеме како да ги користите во овој случај.
Ви советуваме да подготвите природен спреј за стапала од 3 состојки. Овие спрееви се ефикасни за детоксикација на телото. Имено, најмногу пори има на нозете и токму тој дел од телото е погоден за апсорбирање на потребните хранливи материи.
Нашите стапала содржат бројни точки кои се поврзани со различни органи, така што стимулацијата на овие точки може да има чудесно дејство врз здравјето и благосостојбата.
Погледнете како да подготвите домашен спреј кој ќе го подобри вашиот сон.
Состојки:
– 10 капки етерично масло од лаванда
– 10 капки етерично масло од камилица
– 100 грама масло од магнезиум
Инструкции:
Помешајте ги етеричните масла со 100 грама масло од магнезиум во стаклена боца со распрснувач. Протресете ја боцата пополека за да се измешаат маслата. Прскајте го овој спреј на нозете и стапалата 10 минути пред да одите на спиење.
Лаванда
Лавандата има смирувачко дејство. Нејзиното масло е ефикасно и силно, а само неколку капки на обвивката од перницата можат да направат чуда! Поради јачината, во поголем дел од случаите се користи разблажено. Не користете ја кај деца.
Камилица
Ова растение има смирувачки и релаксирачки квалитети, а исто така е од голема помош кога станува збор за потешкотии при спиење.
Магнезиум
Етеричното масло од магнезиум има надворешна и внатрешна употреба. Технички гледано, тоа не е масло, но така се смета поради неговата мрсна текстура. Корисно е во случај на несоница, анксиозност, варење, грчеви. Доколку ви недостига магнезиум во организмот, нозете се вистинското место за примена на ова масло.Заради подобрување на сонот, маслата можат да бидат исклучително ефикасни. Веројатно сте свесни за различните намени и предностите на етеричните ма



