Деновиве стана актуелна состојбата со македонското новинарство. И веројатно доколку се направи една ретроспектива ќе се види дека всушност кај голем дел од новинарите единствено што се менува е само работодавачот и името на медиумот, а лагите остануваат исти!Така на медиумското небо може да се слушнат истите лаги од истите новинари.
Борјан Јовановски: Губење на кандидатски статус
Eпилог: Пет последователни позитивни извештаи и препораки за членство
Еден од главните експоненти на поранешната А1 телевизија, Борјан Јовановски кој сега се јавува како еден од сопствениците на порталот Нова ТВ каде работат повеќе новинари од А1 телевизија, и тогаш и сега ја убедува јавноста дека Република Македонија ќе го изгуби кандидатскиот статус.
Ретроспективно гледано, пред секој есенски извештај на Европската комисија главните политички предвидувања на Јовановски пет години по ред се дека Република Македонија е на ивица од губењето на таквиот статус. Епилогот од ваквите негови промашени предвидувања се 5 позитивни извештаи и 5 позитивни препораки за отпочнување на преговори за членство.
Менче Точи: Колапс на здравството
Епилог: Нов клинички центар и изградба на нови болници
Јавноста се уште се сеќава на сториите на новинарката Менче Атанасова- Точи за целосниот колапс на македонското здравство, како и критиките за новата опрема која требаше да ја набави министерството за здравство. Тогаш како новинарка на А1, а сега и како новинарка на Нова ТВ се продолжува со истите шпекулации и приказни.
Епилогот е дека не само што македонското здравство не колабрираше, туку се отпочна со нови стратешки проекти како што се изградбата на новиот клинички центар, потег кој е единствен во целиот регион, се реконструиираше Градската болница “8 септември“, за прв пат се отпочна со изградба на Пет Центар, за прв пат целосно беше реконструирана општата болница во Велес, се започна со изградба на болницата во Штип, Струмица. Се привршува со изградба на детската болница Козле, а во поголемиот дел од болниците е исталирана медицинската опрема која е дел од проектот 100 милиони евра за нова опрема.
Предраг Петровиќ: Обединети за Македонија релевантен политички субјект
Епилог: ОМ не стана ниту парламентарна партија
Веројатно секој од читателите може да се присети и на прогнозите на новинарот на А1 Предраг Петровиќ кој важеше за неформален портпарол на Љубе Бошковски, како и прогнозите на луѓето од неговиот табор дека Обединети за Македонија на Љубе Бошковски ќе стане парламентарна партија со најмалку 6 пратенички места.
Изборите во 2011 та година покажаа дека Обединети за Македонија немаше доволно сила за макар еден пратеник и исвои 17.081 гласа односно 1,52 осто од гласовите. Денес Предраг Петровиќ од позиција на сопственик на сајтот А1 он, продолжува со својата афирмација на Љубе Бошковски и покрај неколкуте правосилни пресуди кои не се од политички карактер, туку за сторен криминал и помогање при убиство.
Извор :kurir.mkТака на медиумското небо може да се слушнат истите лаги од истите новинари.
Борјан Јовановски: Губење на кандидатски статус