И јас да сум ти бил фантом! Вака зачудено изреагира хрватскиот зет во Kарбинци, Никола Штрбац, откако го прашавме дали е информиран дека се наоѓа меѓу 39.502 спорни гласачи што ДИK ги избриша од Избирачкиот список и оти нема право да гласа. Лути, револтирани, исплашени дека во нив е вината, но и терање мајтап со целата ситуација во која ги втурна ДИK, беа реакциите на шестмина таканаречени фантомски гласачи и нивни блиски, со кои екипата на „Дневник“ разговараше во трите општини – Kарбинци, Чешиново-Облешево и Зрновци.Нишката што ги поврза шестте спорни гласачи е дека само во тие три општини во цела Македонија има по двајца „фантоми“ од безмалку 40.000 колку што се на листата спорни гласачи. Интересно беше и дека тие граѓани од нас дознаа оти се спорни и доколку лично не потврдат дека постојат, ќе останат надвор од Избирачкиот список.
Од шега до страв
Потрагата по таканаречените фантоми ниту е комплицирана ниту неизводлива мисија, бидејќи веднаш штом екипата ќе влезела во кое и да е село, мештаните потврдувале дека луѓето постојат, дека им се соседи, роднини или соселани. Растрчани и помагале на новинарската екипа и ги испраќале до нивните дворови или љубопитни им правеле друштво и не верувале дека токму во нивното село има фантомски гласачи.
-Зачуден и со неверување дека е на листата со спорни, во својот двор не дочека Никола Штрбац од село Таринци, Општина Kарбинци. Додека баба му (мајка на сопругата) пржеше пиперки во летната кујна, Никола искоментира:
– Не ми се верува, и јас да сум ти бил фантом. Ако ДИK ме прогласила за спорен и непостоен, тогаш и за мене Kомисијата не постои. Во Kарбинци сум од 1995 година. Од Бенковац, Хрватска, каде што живеевме со сопругата, поради војната, дојдовме во Kарбинци, бидејќи таа е оттука. Направивме куќа, по 15 години добив и македонско државјанство и без никаков проблем досега гласав на неколку избори. Во меѓувреме не сум излегувал на подолг период нaдвор од Македонија – вели Никола.
Откако му помина лутината дека само тој од семејството (сопругата, нејзините родители и трите полнолетни деца) е спорен, Никола ситуацијата ја сврти на шега велејќи дека ниту се пријавува во ДИK ниту ќе гласа на избори оти и така немало за кого да гласа.
Во Општината Чешиново-Облешево, во село Спанчево, Дневник ја запозна деветнаесетгодишната Симона Симијонова, која е на списокот со спорни гласачи. Во семејната куќа Симона живее со родителите и постариот брат. Ни таа не проверила дека е меѓу спорните гласачи.
– На брат ми некој од селово му кажал дека нешто не било во ред со моите документи и оти затоа сум меѓу „фантомите“. Не ми е јасно што може кај мене да не е во ред оти лани станав полнолетна, имам лична карта. Сега завршив средно економско во Kочани и сакам да се запишам и да студирам информатика во Штип. Не знам дали ќе одам да се пријавам. Досега не сум имала можност да гласам. По ова не знам ни дали сакам, не сум многу по партиите и политиката – вели Симона.
И додека претходните соговорници знаеја и да се пошегуваат на своја сметка дека се „фантоми“, шеест и седумгодишната Душка Цветанова од село Соколарци во општината Чешиново-Облешево буквално се стаписа кога дозна дека ја избришале од Избирачкиот список.
Вознемирена прашуваше дали тоа е по нејзина вина и видно исплашена и требаа десетина минути да се соземе.
– Ме исплашивте. Што се случило? Зошто ме избришале? Јас ли нешто сум сторила? Да не одам во затвор? – прашуваше баба Душка.
-Целата потресена не успеа да им се израдува на внуците, кои со синот дошле на гости да ги посетат по враќањето од одмор. Откако ја уверивме дека не е спорна по своја вина, Душка се интересираше за постапката како да си го врати гласачкото право, пишува весникот.
– Ќе одам со сопругот да видам во што е проблемот. Не можам да се начудам. Тука сум мажена и живеам веќе 41 година. Земјоделство работиме. Не сум била во странство, освен на гости кај сватовите во Србија. Сум гласала на сите избори досега без проблем. Ќе одам и ќе проверам – вели Душка.
Целиот текст прочитајте го во ДневникНишката што ги поврза шестте спорни гласачи е дека само во тие три општини во цела Македонија има по двајца „фантоми“ од безмалку 40.00