Историјата ќе ни биде „прочешлана“ до февруари

Грчкото министерство за надворешни работи потврди дека од 4 ноември мешовита грчко – македонска комисија ќе ја „чешла“ македонската историја и ќе ги вади сите примери кои што според Атина се „иредентизам“.На својот веб сајт грчкото МНР објавува транскрипт од интервју на министерот за надворешни работи Никос Коѕиас за утринската програма на грчката национална телевизија во која што тој вели дека очекува до почетокот на февруари во македонските учебници да нема веќе иредентизам.
“На пример се договоривме во Њујорк со многу интересниот министер за надворешни работи на нашиот сосед Никола Димитров да имаме заедничка комисија почнувајќи од 4 ноември. Таа ќе работи 4 месеци – се надевам дека ќе функционира и ќе ја заврши својата задача – чешлање на училишните книги за да го искорени иредентизмот и мапите кои што постојат во учебниците. Тоа е важен чекор кој што веќе презедовме. Ние преговараме и за многу други чекори”, се вели во изјавата  на Никос Коѕиас за ЕРТ која е објавена на веб страницата на грчкото МНР.
на прес конференција министерот за надворешни рабори вчера изјави дека не е лошо ако историчарите од двете земји седнат и разговараат како двете земји се гледаат една со друга и каков е „Наративот во двете земји“.

Expres.mk вчера објави дека на 4 ноември започнува работата на историската комисија составена од историчари од двете земји во која што ќе се чешлаат сите теми кои што за Грција е иредентизам.
Ниту еден од македонските медиуми не ја пренесе информацијата која што е објавена и на страницата на грчкото МНР.
 На својот веб сајт грчкото МНР објавува транскрипт од интервју на министерот за надворешни работи Никос Коѕиас за утринската програма на грчк

Пронајдете не на следниве мрежи: