Историјата на кондомите: Се правеле од јагнешки црева и животински рогови…

Првите облици на презервативи се појавиле уште пред 11.000 години . Најпрвин се сметале за неморални но денес во светот се продаваат околу 56 милијарди во текот на една година.Timeline презервативи
Освен фактот дека се еден од најдобрите начини за заштита од непосакуваната бременост и полово преносливи болести, новата кинеска студија покажала дека нивното користење го поттикнува вагиналното здравје и го намалува бројот на инфекции кај полово активните жени. Се чини дека луѓето размислуваат на начинот како „без гумички нема љубов“ уште од пред 11.000 години.
Траги во пештерите
Првите докази за постоењето на кондомите се оние уметничките- на ѕидовите на пештерата Grotte des Combarrelles која датира од пред 10.000 години. Познавачите успеале да ги одгатнат цртежите кои наводно ги претставуваат тогашните презервативи- односно навлаки кои тогашните мажи ги ставале на нивните полови органи.
1000 години пред Исус Христос
Некои тврдат дека првите презервативи се направени од ткаенина во древниот Египет. Нивната намена не била контрацепција, туку заштита од полово преносливи болести кои веќе биле познати во тоа време .

15 век
Во тоа време богатите слоеви на друштвата во Кина и Јапонија користеле само кондоми кои ја прекриваат само „главата“. Исто така во тоа време во Кина се појавиле презервативи направени од свилена хартија намачкана со масло. Во Јапонија се користеле и презервативи изработени од оклопот на желката и рогови од животни.
16 век
Италијанскиот физичар Габриел Фалопис пишувал за стравовите на тогашните честата полова болест- сифилис. Предложил и користење на ленена ткаенина како заштита. Ленот се мачкал со хемикалии и потоа се сушел а изумот го тестирал во експеримент на илјадници мажи, од кои ниту еден не бил заразен со сифилис.
17 век
Католичкиот теолог Леонардис Лесиус во делото “De iusttia et iure” истакнал дека кондомите се неморални а некои луѓе и ден денес го тврдат тоа. Во тоа време за презервативите се користеле животински црева а биле достапни и во јавноста. Сепак бидејќи биле доста скапи и не се користеле често. Откако во Велика Британија во 1966 година се намалил природниот раст за прв пат се откриени „condons“- како што за прв пат биле наречени.

18 век
Британскиот лекар Даниел Турнер сметал дека кондомите ги поттикнуваат мажите на промискуитет. Во тоа време бројни лекари биле против кондомите, но нивното производство се ширело толку многу што започнало да се продава на места како пабовите и продавниците.
19 век
Чарлс Гудјеар е американскиот самоук хемичар кој ги креирал автомобилските гуми и други разни производи од гума, меѓу кои и гумените кондоми.
Во Ирска во тоа време било забрането да се рекламираат кондомите како денес цигарите-иако можеле да се продаваат и купуваат. Кон крајот на 19 век луѓето наместо да ги нарекуваат кондоми започнале да ги нарекуваат „гумички“.
Од 1900 до 1950
Германскиот хемичар Јулиус Фром во 1912 година смислил нов начин на производство на кондоми- ставал стаклени калапи во сирова стопена гума, што им давало глатка текстура.
Неговата линија на кондоми е многу популарна во Германија и денес.

1980
Без гумички нема секс, во ова време тоа бил ставот на повеќе од 40 посто од американциет. Најпопуларни биле Дурекс кондомите со лубрикант а поради голема епидемија и страв околу АИДС , ги рекламирале како најголема заштита.
Денес
Кондомите постојат во сите бои, вкусови, мириси и дизајни а постојат дури и прилично бизарни начини за заштита како овие кондом гаќички. Модерните кондоми се дизајнирани за да се осигура максималното уживање покрај заштита која изнесува околу 96 посто. Секоја година во светот се делат околу пет милијарди кондоми а најчесто ги користат млади од 18 до 24 годни.Timeline презервативи
Освен фактот дека се еден од најдобрите начини за заштита од непосакуваната бременост и полово прено

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.