Историски аспекти на договорот со Бугарија

Во  емисијата „отворено  студио“  на тв Нова гостуваа  историчарите Никола Жежов и  Наташа Котлар  кои  говореа за историските аспекти на договорот  со  Бугарија кој  треба да биде потпишан во  август месец. Во врска со договорот за добрососедство со Бугарија  Жежов потенцираше   дека тоа што го дознава се или полуофицијални информации или тоа што го слушаме од медиумите во Република Македонија, особено во Република  Бугарија.
– Немаме официјално известување од нашата влада за договор или нацрт предлог како што го нарекуваат. Од тоа што го слушам од дел од колегите од Република Бугарија, можам да насетам дека повторно чувствителните теми се неколку тоа е тоа е славењето на т.н. „заедничка историја“, прашањето на јазикот, прашањето на прославување на одредени историски настани и кои настани да бидат одбрани како такви, градењето на споменици во одредени делови на територијата на Република Македонија, вели Жежов.
Според професорката е срамно да се говори за заедничка историја со Бугарија. Таа вели замислете си една Полска која на три пати беше делена од Прусија (денешна Германија) Австрија и Русија да бара заедничка историја со некоја од овие земји и да ги заборави своите посебни историски специфики и особености и тоа да го прослави со една заедничка добрососедска прослава.
Во врска со договорот за добрососедство со Бугарија  Жежов потенцираше   дека тоа што го дознава се или полуофицијални информации ил

Пронајдете не на следниве мрежи: