ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ВО ТУРЦИЈА: Темели на древна православна црква испливале на површина по цели 1.500 години!

Црквата испливала на два метри длабочина, на околу дваесеттина метри оддалеченост од брегот на Изник, некогашна Никеја.На големо изненадување на истражувачите и жителите во историскиот византиски малоазиски град Изник (некогашна Никеја), во турската провинција Бурса, под површината на езерото се појавија темелите на некогашната очигледно голема византиска Грчка православна црква, која е стара 1.500 години.
Ова откритие конечно докажа дека се точни локалните легенди за постоењето на голема историска црква од четвртиот век, која му е посветена на светиот апостол Петар. Всушност, се смета дека тоа бил еден од првите големи храмови кои ја краселе тогашната православна Мала Азија, пренесе Defencenet.
Проф. Мустафа Сахин од Отсекот за археологија на Универзитетот Улудаг во Бурса, вели дека темелите испливале на два метри длабочина, на околу 20-тина метри оддалеченост од брегот. Тој вели дека историските податоци велат дека изградбата на црквата започнала во 313. година, а дека најверојатно завршила во 500. година.
Проф. Сахин вели дека на истото место би требало да се наоѓаат и темелите на локалниот парламент од римско доба. Покрај римското здание, била изградена и величествена црква, која веројатно доминирала во целиот регион.
Овој настан го означува почетокот на изградбата и на други храмови низ Мала Азија, во сите градови во кои живеело христијанско насление, како и во сите римски провинции. Се претпоставува дека црквата по големиот земјотрес кој во 740 година го погоди регионот, потонала во езерото, за потоа целосно да се појави по цели 1.500 години.
На големо изненадување на истражувачите и жителите во историскиот византиски малоазиски град Изник (некогашна Никеја), во турската провинција Бурса

Пронајдете не на следниве мрежи: