На 24. април годинава, во Србија беше најавувана „Српската пролет“ како начин за изразување на незадоволство и пружање на отпор кон власта, под палката на луѓе блиски до Срѓа Поповиќ – човекот со крв на рацете.Светските и домашните медиуми пишуваа за присуството на Канвас на Балканот и дека лично Срѓа Поповиќ ги обучувал овие активисти, за подоцна обучените да обучуваат нови преку Школата за активно граѓанство, чии обуки се случуваат на локации кои се оддалечени од големите градови.
Негова школа е начинот за насилни демонстрации и државни удари, организиран од платеници познати како група „Отпор!“, кој се покажа како успешен во Србија за уривање на Слободан Милошевиќ.
Овој модел за уривање на власти на светско ниво е усовршен низ годините и досега е применет повеќе од 30 земји, меѓу кои: Грузија, Либан, Украина, Малдиви, Египет…
Западните разузнавачки служби ја координираа заедничката работа преку невладините организации и неонацистичките организации како Десен сектор и партијата Свобода, кои одиграа клучна улога во државниот удар, но и во подготовките за граѓанска војна во Украина.
Српските платеници собрани под фирмата „Отпор!“ станаа фабрика за извоз и креација на немири и државни удари.
Како што се врти кругот, Србија повторно се најде на листата на „револуцијата“, бидејќи на мета се најде владејачката партија предводена од премиерот Александар Вучиќ, кој во своите прес конференции често знае да истакне дека Србија нема да толерира некој да ѝ дава инструкции што да прави, ниту пак ќе дозволи странски мешања во нејзината сувереност.
Откако се одржаа предвремени избори во земјата и победата ја однесе СНС, беа организирани граѓански протести на кои се тврдеше дека изборите се фалсификувани (ситуација добро позната според применатата шема на Канвас да се предизвика револт кај народот со пласирање информации преку кои ќе дојде до ескалација на улиците, а за кои Пулс24 пишуваше претходно – ЛИНК).
Целта беше опозицијата на секој можен начин да постигне консензус за да влезе во собранието. И ова беше разоткриено од српските медиуми, бидејќи беше докажано дека фалсификување на изборите немало. Откако влезе опозицијата во собранието, почнаа дополнителни притисоци во облик на граѓански активизам, стопирање и можни опструкции во работата на јавните институции и законодавниот систем, притисоци во медиумите – посебно преку новоформирани телевизии и кампањи кои се финансирани од американски џеб.
Еден од можните најавувачи на „Српската пролет“, Добрица Веселиновиќ, даде свое видување на нештата кое неверојатно е пресликано од дејствувањата на шарените револуционери кај нас, кои оваа фаза одамна ја поминаа и веќе со закани и уценувања бараат правда.
„Доколку е можно да се создадат и артикулираат нови начини на организирање од кои потенцијално можат да произлезат нови и поинакви политики, тогаш `цутењето` во пролетта е една од најубавите глетки на светот.
Дали тоа ќе се случи кај нас, ќе видиме, засега не мириса на такво нешто.
Непосреден повод беше арогантното ноќно рушење на објекти во изборната вечер во Херцеговачката улица и однесувањето на политичарите. Но, причините се протест се многу подлабоки, а тоа е севкупната криза на институциите или ако сакате нашето општество во целина, во кое толку потонавме што освен излегувањето на улица и протестирање, засега не се гледа друг излез “ – истакнува Добрица Веселиновиќ.
Запрашан дали протестите коишто ги организира неговата иницијатива би можеле да прераснат во бунт, тој вели дека „ако општ бунт значи несогласувањето со неправда, посочување на арогантноста на политичарите, на злоупотребата на институциите, на кршењето на човековите права, велејќи дека наслиството е зло – тогаш ДА.“
Парадоксално е тоа што само два месеци пред будењето на „Српската пролет“ (во февруари годинава), Вучиќ истакна дека само германските инвестиции во Србија изнесуваат 1,7 милијарди евра, а донациите речиси исто толку – 1,6 милијарди.
Инаку, во јуни годинава, Србија се најде на второ место на листата европски земји според отворени работни места од странски директни инвестиции во минатата година, покажа истражувањето на компанијата „Ернст и Јанг“ за атрактивноста на европскиот пазар за инвестиции.
Како што беше објавено, Србија во 2015 година имала раст од 108 отсто на бројот на отворени работни места и тој број е зголемен, од 5,104 во 2014 година на 10,631 во минатата година.
Токму затоа, овие самопрогласени борци за слобода и правда се луѓе кои евидентно се борат за нешто друго од она за што се претставуваат.
Србија доцни со имплементацијата и спроведувањето на проекти зад Македонија (ЛИНК), но тоа не значи дека земјата стагнира. Напротив, откако е увидена успешноста на мерките и применетите модели кај нас, борбата за подобрување на економијата и политичката состојба стана приоритет за напредок.
Методите за протести кај соседите се исти – се избираат јавни личности, се излегува на улица и се повикува на граѓанска непослушност. Целта е да се спречи или барем успори секој можен облик на прогрес.
Погледнете го видеото и посведочете на уште една од валканите игри на Канвас, кои сега се дел од секојдневниот живот во Србија:
Светските и домашните медиуми пишуваа за присуството на Канвас на Балканот и дека лично Срѓа Поповиќ ги обучувал овие активисти, за подоцна обучени