Истрагата за „Фабриката за афери“ на СДСМ добива меѓународни димензии. Органите на прогон преку Интерпол дошле до сознанија дека дел од фалсификуваните пасоши пронајдени во компјутерот на Чаушот, биле користени во некои од земјите кои се членки на ЕУ.Извори на истрагата потврдуваат дека Зекир Бекири, инаку член на опозициската СДСМ, бил дел од меѓународна мрежа на криминал. Според податоците, најверојатно преку криминалната мрежа тој финансирал дел од активностите за партијата.
Инаку, дел од фалсификатите кои биле изработени во работилницата биле за членови на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Во нивната „фабрика за афери“ сопартијците на Зоран Заев и Оливер Спасовски чувале 70.000 прислушувани разговори со кои се тргувало со криминални структури во земјата но и во регионот. Печателе и фалц пасоши и лични карти со цел да се нанесе штета на владејачката партија, пишува порталот.
Фабриката за афери на СДСМ е еден од најголемите скандали во македонската историја, особено ако се има предвид дека во него е вмешан лидерот на опозициската СДСМ.Извори на истрагата потврдуваат дека Зекир Бекири, инаку член на опозициската СДСМ, бил дел од меѓународна мрежа на криминал. Според податоците, на