Истрагите за нелегалните текови на парите на соросоидните невладини организации!

Прогласот на ВМРО-ДПМНЕ кој на 16-ти декември го објави лидерот на партијата Никола Груевски започна да се спроведува во пракса
 Можеби главна точка на прогласот беше најавата за „десоросоизација“ на општеството и проверка на работата на сите невладини организации кои во изминатиот период се занимаваат со разнишување на стабилноста на државата, а се финансирани од разни странски фондови.
Имено, управата за финансиско разузнавање веќе започнала со работа на утврдување на потеклото на парите кои ги добивале невладините организции кои се занимаваа со дестабилизирање на државата во изминатите неколку години. Познато е дека пари пристигнувале од различни центри меѓу кои и Саудиска Арабија, Катар и дел евроазиски земји кои најчесто се поврзуваат со финансирање на насилен екстремизам и тероризам.
Меѓу нив е и невладината „Мост“ која минатата година беше фатена како нелегално внесува пари токму од овие земји. Никогаш не е потврдено потеклото на парите и со каква цел се префрлени во Македонија.
Џорџ Сорос влегува во Македонија, во соработка со внатрешни политички сили кои, уште тогаш во 1992 година, добиле власт без избори, смениле име и знаме на држава, спровеле приватизација по која останале 200.000 невработени.
Неговата Фондација отворено општество Македонија е основана овде уште во 1992 година, како претставништво на странско лице. Како македонски правен субјект е регистрирана дури во 1999 година.
Од 1992 до 2015 година (вкупно 23 години) Фондацијата на Сорос ја води функционер на СДСМ, член на претседателството на таа партија Владимир Милчин. Од првиот ден, до ден денес, таа органзиација и правно и формално е под раководство на СДСМ и нема никакви карактеристики на независна невладина организиација.
СДСМ нема партиска контрола над фондацијата Сорос само преку Милчин, кој е извршен директор во континуитет, повеќе членови на влади од СДСМ се именувани на чело на организацијата: Ратка Куљан(Претседател на ИО 1992-96), Емилија Симовска (2002-2005), Јане Миљовски, Гордана Сиљановска.
Со просечен годишен буџет од 5 милиони долари оваа партиска логистика заклучно со 2015 година има потрошено над 115 милиони долари инвестирани во кадри и проекти кои, без исклучок, секогаш биле од кампот на СДСМ и одработувале јавни настапи и партиски програми за потребите на таа партија. Така е и денес.
За своите политички цели СДСМ и Фондацијата Сорос со големи финансиски буџети, и уште поголеми буџети за техничка поддршка, создадоа и свои медиуми, предводени од кадри кои се на раководни места во Фондацијата.Можеби главна точка на прогласот беше најавата за „десоросоизација“ на општеството и проверка на работата на сите невладини организации

Пронајдете не на следниве мрежи: