Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје во предметот Којот донесе Наредба со која се спроведува истражна постапка против 16 лица.-Истражната постапка се води поради постоење на основано сомнение дека сториле кривични дела Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти од чл.418-в ст.1, Разбојништво од чл.237 ст.4 в.в. со ст.1, Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.3 в.в. со ст.1 и Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.2 в.в. со ст.1 и в.в. со чл.22 од Кривичниот законик, информираат од Основното јавно обвинителство.
Осомничените подолг временски период како група на организиран начин вршела прифаќање и превоз на мигранти низ територијата на Република Македонија од Република Грција кон Република Србија.
При тоа врз мигрантите има извршено и разбојништва на начин што припадници на групата ги пресретнувале мигрантите и лажно им се претставувале како припадници на македонската полиција при што со употреба на сила им ги одземала паричните средства, мобилните телефони и други подвижни предмети.
-Постои основи на сомневање дека истата група го сторила и разбојништвото на 08.02.2016 г. во Велес кога од возило на Агенцијата Перпетум мобиле се одземени 4.000.000 денари, како и дека на организиран начин вршеле недозволена трговија со наркотични дроги и недозволено држеле оружје. Во акцијата е пронајдено дел од оружјето – автоматски пушки, пиштоли и бомби, се вели во соопштението од Обвинителството.
Во рамките на истрагата Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара од надлежниот судија да се определи мерка притвор против 9 лица.
До овој момент постапката е завршена против 3 лица и им е определна мерка притвор во траење од по 30 дена, а за останатите постапката е во тек.-Истражната постапка се води поради постоење на основано сомнение дека сториле кривични дела Организирање на група и поттикнување на извршување на