Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно вешто лице со Лиценца за вршење на вештачења од областа на финансиското работење.-На лицето му се става на товар дека сторило кривично дело – Примање поткуп од чл. 357 од Кривичниот законик. Вештото лице побарало и примило поткуп во износ од 3000 евра со цел при вештачење да прикаже десеткратно помал износ на прикриен данок. До судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 -Скопје надлежниот јавен обвинител поднесе Предлог за определување на мерка – Притвор, информираат од Обвинителството.
Судијата со Решение на лицето му определи мерки на претпазливост и тоа: забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.
На ваквата одлука Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе жалба.-На лицето му се става на товар дека сторило кривично дело – Примање поткуп од чл. 357 од Кривичниот законик. Вештото лице побарало и примило