Скопското Јавно обвинителство наредило спроведување истражна постапка за лице осомничено за полов напад врз дете во Скопје, а судија на претходна постапка на осомничениот му определил 30 дена мерка притвор.– Основното јавно обвинителство-Скопје издаде наредба за спроведување истражна постапка за едно лице, осомничено дека извршило кривично дело – полов напад врз дете кое не навршило 14 години од чл. 188 ст.1 од Кривичниот законик, се наведува во денешното соопштение од Обвинителството.
Осомничениот се товари дека на 22-ри овој месец, околу 19:30 часот извршил полови дејствија врз 11-годишно девојче во гаража во близина на Млечен ресторан во Скопје.
По предлог на надлежен обвинител, судија на претходна постапка на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.
– Основното јавно обвинителство-Скопје издаде наредба за спроведување истражна постапка за едно лице, осомничено дека извршило кривично дело