Британската компанија за сателитски комуникации „Inmarsat“ денеска објавила дека успеала да забележи сигнали од исчезнатиот малезиски авион Бониг 777, кои би можеле да помогнат во конечното пронаоѓање на локацијата на која авионот се најдува во моментот.Според „Inmarast“ авионот летал повеќе од 7 часа после полетувањето. Комуникациските сигнали од Боингот 777 биле рутински и автоматски, објавиле Бритнците, но не откриле ништо за понатаможните детали.
Како и да е, малезијците објавија дека на авионот се качиле една или повеќе особи со летачко искуство. Тие сметаат дека овие особи ги исклучиле комуникациските уреди и избегале од превидената траса. Сеуште не е познат мотивот за киндапирање, ниту пак трасата по која авионот бил преусмерен.
Клучен е доказот кој упатува на фактот дека се работи за човечки фактор, за човечка интервенција, бидејќи комуникациските системи на авионот умислено биле исклучени. Не се знае дали некој член на екипажот, или некој од патниците ги исклучил комуникациските системи за авионот да се изгуби од радарите, но најверојатно тој тргнал по точно испланирана траса.
Иако доказите укажуваат на фактот дека авионот е киндапиран и дека продолжил да лета по точно одредена траса, сепак сеуште сите опции се во игра и сеуште се истражува.
Сателитите утврдиле дека саат време после полетувањето од Куала Лумпур за Пекинг, авионот се вратил над Малезија и се упатил кон запад. Затоа, во предвид се два коридори на истражување, едниот е на север, према Тајланд и Казакстан, или јужно према Индонезија и јужните делови на Индискиот Океан.
Истрагата во Јужнокинеското Море е прекината, поради фактот што авионот скршнал од рутата, односно се упатил обратно од Кина.
Покрај ова, полицијата ги претресила и куќите на пилотите.Според „Inmarast“ авионот летал повеќе од 7 часа после полетувањето. Комуникациските сигнали од Боингот 777 биле рутински и автоматски,