Истражување: Колку „фејсбук дејтингот“ е во ред и какво искуство имаат младите од него

Како што со текот на времето се менуваат многу работи, така и начините на запознавање и забавување помеѓу младите драстично се промениле. Модерната технологија ја внесе можеби најголемата промена.Живееме во време кога младите најголемиот дел од времето го поминуват пед компјутер или со телефоните во рака, прегледувајќи дали имаат ново „барање за пријателство“, или подобро кажано потенцијална прилика за авантура.
Направививме мало истражување и споредивме како порано младите барале „потенцијален кандидат“, а како денес, и какво искуство имаат младите со „фејс дејтингот“.
Пред 15- 20 години, во времето кога не постоел Фејсбукот, и ретко кој можел да си дозволи мобилен телефон, работите биле многу поинакви. Тогаш искрата била во поим, но не многу популарна, а идеалниот кандидат се барал во живо, на „ин- местата“.
Така некои оделе во неколкуте дискотеки, некои шетајќи низ градот дофрлале внимателни погледи, други седеле на клупите во парк.
Блиски контакти
Откако кандидатот бил одбран, требало да се воспостави контакт. Нежно, ненаметливо, но сепак упадливо. Тогаш дејствувале и пријателите, познаници, имало „случајни одговори“, „спонтани“ улети и слично. Веројатно слично се однесувале и мажите.

 
Во времето „пред новата ера“ (фејсбук) било нормално фраер да ти го нафрли телефонскиот број (да, дури и домашниот). Бројот се запишувал дури и на рака, а подоцна внесувањето во мобилен ги олеснило работите, станало поелегантно, а во времето на првите мобилни телефони самото тоа послужило за попатна демонстрација на моќ; па кој постар од 30 години не се сеќава дека пред 20-ина години да се има мобилен било престиж?

Е, потоа на сцена стапија социјалните мрежи, послужија како добар вид на маркетинг, платформа за самопромовирање, дискретно фотошопирање, изнесување и размена на мисли. Од почеток малку повозрасните го сметаа Фејсбук за „направа за отуѓување“ на луѓето, па затоа пружаа отпор кон социјалните мрежи.
Ма не сакам типкање и такви шеми
На Фејсбук има различни профили на луѓе, но не треба на ФБ да барате вистинска љубов, барем не доколку имате повеќе од 25 години.
Бидејќи типкањето е за клинките и „шемите“, кои можат да ве „лупнат од земја“. Секоја пратена порака или секси фотка можат да станат траен комромитирачки запис. Фејсбукот е добар за „првиот налет“, можеби и за запознавање на профилот на личноста со која сакате да започнете нешто бидејќи ќе ви открие нешто што не е популарно да се изнаесе на прв состанок: дека избраникот има поранешна жена и неколку деца, девојка која се уште не ја оставил иако има намера да го стори тоа и слично.
Од друга страна умерената појавеност на Фејсбук може да издаде добри навики: дека фраерот е дружељубив, дека се занимава со спорт.
Ми раскина преку СМС

 
Како изгледа несреќна љубов и што се доаѓа во пакет со тоа, најдобро сведочи приказната на една анонимна девојка.
„Мојата приказна е еден куп несреќни љубови. Почнувајќи од она кога во прво одделение основно ви се црвенеат образите кога ќе видите некое момче кое ви се допаѓа, а тој не ве „ферма“ ни пет посто. Така продолжи и во средно . Никогаш не ги сакав излегувањата каде има куп пијани луѓе, а и додека одев некаде не се наметнував, секогаш другите пријателки имаа додворувања, а имав чувство дека мене никој не ме ни забележува.

Ниту пак сакав некому да му се наметнувам, поготово не на пијано момче. На 18 години најдов момче, бевме во врска неколку месеци, за жал далечината пресуди. Тој прекина со мене преку СМС. Искрено, го сакав и тоа навистина ме поготи бидејќи мислев дека тој е навистина вистинската личност за мене.
После куп неуспешни обиди, повеќето испаднаа лажни, неискрени, што најмногу ми пречи, или сепак сакаа авантура и ме искористуваа, додека јас барав врска. Потоа после неколку години најдов момче кој навистина ми се допадна на прв поглед и навистина мислев дека е сон. Но, наскоро неговото второ лице искочи на виделина.
Ме уништи како никој претходно и потоа ја изгубив можноста да пронајдам сродна душа. Тоа проклетство во љубовта ме следи одсекогаш и искрено мислам дека не го заслужува тоа. Едностевно налетувам на такви кретени. Зарем навистина нема некој искрен и чесен маж, но пред се добар кој нема да гледа гледа на физичкиот изглед.
Не изгледам совршено, просечна девојка сум, не сум грда ниту пак некој некогаш ми кажал такво нешто, имам вишок килограми, но тоа успешно го решавам. Не сум трокрилен орман но по градот гледам девојки со повеќе од 100 килограми а сепак имаат момче. Моите пријателки, познанички и сите личности кои ги имам на Фб- 99 проценти од нив имаат врски. И тоа многу тешко ми паѓа. Се чувствувам многу бедно кога на Фб ќе прочитам дека некој или се верил или омажил. Потоа запаѓам во очај и по неколку дена. Се чувствувам бедно и ме убива осаменоста. Ми недостига онаа личност која би била тука за мене во секој момент. Зошто тие тоа го заслужуваат? Зошто јас тоа не го заслужувам?
Сите кои ме познаваат и почитуваат, ценат, имаат само пофалби за мене, навистина сум добра со сите и супер девојка сум, искрена, грижлива, не пушам, не пијам, не се дрогирам. Но едноставно не можам да најдам нормален маж. Порано ми велеа млада си, ќе најдеш некого. Всушност и јас тогаш мислев дека имам време. Но потоа годините полека минуваат и што се случува: Ќе се најдеш на 26 години и немаш момче, врска, вереник, ништо…“, вели една млада девојка.Живееме во време кога младите најголемиот дел од времето го поминуват пед компјутер или со телефоните во рака, прегледувајќи дали имаат ново &bdquo

Пронајдете не на следниве мрежи: