Истражување на QUDAL: ФК Металург и Перо Антиќ се симболи за врвен квалитет во македонскиот спорт

Како што покажаа резултатите од истражувањето за медалот за квалитет QUDAL – QUality meDAL во Македонија, граѓаните на Македонија сметаат дека ФК Барселона е најквалитетен клуб во меѓународниот спорт и дека Меси е најквалитетен меѓународен спортист.Во првото интернет истражување за медалот за квалитет QUDAL – QUality meDAL спроведено во Македонија, Македонците сметаат дека ФК Барселона е апсолутно најквалитетен спортски клуб во светот, без оглед на кој спорт, додека ФК Металург е изгласан за најквалитетен македонски спортски клуб.
 
Ова се резултатите од иновативното истражување за медалот за квалитет QUDAL – QUality meDAL спроведено од швајцарската организација ICERTIAS (www.icertias.com) преку интернет истражување со 1200 испитаници.  Истражувањето на QUDAL – QUality meDAL дава целосно различна слика за тоа како граѓаните на Македонија, користејќи интернет, гледаат на спортот и на познатите личности во спортот  – и во Македонија и на меѓународната сцена.
 
Истражувањето на QUDAL – QUality meDAL го мери единствено и исклучиво КВАЛИТЕТОТ – имено перцепциите, задоволството и искуството на граѓаните со определени производи или услуги, а во овој конкретен случај спортисти/спортистки и спортски клубови.
 
Најмногу гласови за најдобар квалитет во споменатото истражување за медалот за квалитет QUDAL – QUality meDAL за Македонија добија ФК Барселона (категорија: меѓународен спортски клуб) и ФК Металург (категорија:  македонски спортски клуб), фудбалерот Меси (категорија меѓународен спортист/спортистка) и Перо Антиќ (категорија: македонски спортист/спортистка).
 
Истражувањето QUDAL – QUality meDAL за 2014/2015 во Македонија се изврши преку интернет прашалник со употреба на новиот метод DEEPMA-CAWI (Избор по подолго размислување – Интервјуирање на интернет потпомогнато од компјутер).
 
 
ФК Барселона и ФК Металург се најдобри спортски клубови
 
Во истражувањето QUDAL – QUality meDAL за Македонија за 2014/2015, граѓаните на Македонија беа запрашани кој спортски клуб, без оглед во кој спорт, според нивното согледување и искуство е апсолутно најдобар спортски клуб. Одговорот на најголем дел од испитаниците беше ФК Барселона.
Запрашани кој според нив е Бр. 1 спортски клуб во Македонија, без оглед на спортот, најмногу одговориле ФК Металург.
 
 
Најценети спортисти/спортистки се Меси и Перо Антиќ 
 
Кога беа запрашани кој е најквалитетен меѓународен спортист или спортистка, испитаниците јасно одговориле на ова прашање наведувајќи две супер ѕвезди во спортот. 
Лионел Меси доби најмногу гласови од Македонците и поради тоа се смета за Бр. 1 по квалитет од „меѓународните спортисти/спортистки“.
Кошаркарот Перо Антиќ ги победи своите конкуренти и беше избран од Македонците за апсолутно најквалитетен спортист во моментов. 
 
 
Методологија и избирање на примерокотИстражувањето QUDAL – Медал за квалитет (QUality meDAL) – Македонија 2014/2015 (www.qudal.com) го изврши швајцарската компанија ICERTIAS – Меѓународно здружение за сертификација ГмбХ на територијата на Македонија во текот на март, 2014 година, со употреба на онлајн прашалник и метод CAWI – DEEPMA (Интервјуирање на интернет потпомогнато од компјутер – Избор по подолго размислување).  Во истражувањето учествуваа 1200 граѓани на Македонија, корисници на интернет и постари од 15 години.  Истражувањето ја опфати целата територија на Македонија 
За QUDALQUDAL- Медал за квалитет (QUality meDAL) (www.qudal.com)  е проект на швајцарската организација ICERTIAS – International Certification Association GmbH (Меѓународно здружение за сертификација ГмбХ) (www.icertias.com).
 
Проектот QUDAL истражува и наградува определени субјекти (производи, услуги, медиуми, јавни личности, култура, спорт итн.)  кои според мислењето на граѓаните – односно самите корисници имаат најдобар квалитет во определена територија.
 
Целта на проектот QUDAL е да и посочи на јавноста колку е важен квалитетот во нивниот секојдневен избор, да нагласи дека граѓаните имаат право на највисок квалитет, како и да им олесни на граѓаните поедноставно да ги најдат најквалитетните производи и услуги на пазарот.
 
Истражувањето QUDAL – Медал за квалитет (QUality meDAL) е целосно извршено во согласност со „Меѓународниот кодекс за пазарни и социјални истражувања“ усвоен од Меѓународната трговска комора (ICC) и Светската асоцијација на експерти за истражувања (ESOMAR).Во првото интернет истражување за медалот за квалитет QUDAL – QUality meDAL спроведено во Македонија, Македонците сметаат дека ФК Барселона е апс

Пронајдете не на следниве мрежи: