Француски археолог верува дека дошол до едно од најголемите откритија во египтологијата во последните неколку децении.Истражувањето на францускиот археолог Марк Габолде би можело да промени многу приказни за историјата на Египет, пишува ио9.Со години се верува дека родители на египетскиот фараон Тутанкамон биле Акхенатон и една од неговите пет сестри, но истражувањето на Габолде покажа дека мајката на Тутанкамон би можела да биде токму познатата египетска кралица Нефертити, инаку братучетка на неговиот татко Акхенатон.Иако Акхенатон и Нефертити биле во брак и имале уште неколку деца, многу истражувања покажале дека мајка на Тутанкамон била некоја друга жена на Акхенатон. Но ова истражување би можело да претставува пресврт во изучувањето на египтологијата.„Можно е до претходното погрешно толкување да се дошло затоа што сличноста на ДНК роднините наликува на сличноста на ДНК на братот и сестрата. Верувам дека Тутанкамон е син на Акхенатон и Нефертити, но дека тие биле братучеди, иако биле во брак“, смета Габолде.
МакфаксФранцуски археолог верува дека дошол до едно од најголем