ИСТРАЖУВАЊЕ: Зошто жените сакаат да се мажат за џихадисти?

Жените од западот играат клучна улога во ширењето на пропагандата и не претставуваат само „џихади невести“.Мислењето дека жените се приклучуваат кон Исламската држава само поради мажење е еднодимензионално, пишува во најновото британско истражување на Институтот за стратешки дијалог и меѓународниот Центар за истражување на радикализцијата од Лондон. Се истакнува дека жените ги привлекуваат повеќе фактори, вклучувајќи го и чувството на изолација, ставот дека постојат закани на меѓународната муслиманска заедница и чувството на сестринство кое им е посебно важно на тинејџерките.
„Многу се вложува во романтичното претставување на ИСИС, што би требало да ги мотивира луѓето да се придружат, иако знаеме дека реалноста е сосема поинаква“ – изјавила Мелани Смит, една од авторите на истражувањето.
Во истражувањето стои дека на територијата што ја контролира ИД, живеат околу 550 жени од западот, а нивната главна задача е да бидат добри сопруги и мајки. Некои изразиле желба да се борат во првите борбени линии, но тоа не им било одобрено според шеријатот, исламскиот закон.
Сеедно, тие жени играат клучна улога во пропагандата со која се регрутираат други жени.
„ИСИС дозволи, па дури и се потпира на децентрализираната мрежа составена од луѓе кои ја пренесуваат и промовираат нивната пропаганда и ја шират нивната визија за светот“ – заклучува истражувањето.
Како пример се наведени терористичките близначки од Велика Британија, Салма и Захра Халане, коишто ги поттикнуваат жените да мигрираат и ја избегнуваат цензурата со зачестено менување на прекари на интернет. Тие воедно одговараат и на прашањата на зинтересираните, па Салма на една жена на Ask.fm ѝ рекла дека може да се омажи штом ќе стапне на територијата на Исламската држава.
Смит напоменува дека тоа е точно, бидејќи најдолгиот познат период во кој некоја жена живеела немажена во Исламската држава се два месеци.

Нереални очекувања и претставувања
Исто така, жените се свесни дека нивните бракови можеби нема долго да траат, во чиј прилог оди приказната на „Шамса“, докторка од Малезија која сопругот ја запросил истиот ден од запознавањето. Објавила фотографија од венчавката на која носела бел ниџаб и покрај која напишала.
„Венчавка во земјата на џихадот: Додека мачеништвото не нѐ раздели“.
Користејќи ги социјалните платформи како што се Твитер, Фејбук, Тумблр и Аск, истражителите следеле стотина жени во подоцна тинејџерска возраст или во раните 20-ти години (најмладата имала само 13 години), од 15 земји, за кои се верува дека живеат во Исламската држава. Иако бракот не е единствената причина поради која овие жени се одлучиле да живеат таму, тој е сепак важен фактор.
„На интернет редовно се споделува фотографија од лав и лавица, со која се симболизира ова заедништво. Таа ги претставува силниот и јуначки сопруг, но зборува и дека жените се посилни кога им даваат поддршка на своите мажи“ – изјавиле авторите.
Секако дека треба да се нагласи постоењето на аномалиите помеѓу утопиското општество какво што го претставува исламската пропаганда и реалноста. Жените почнале да покажуваат грижа околу несоодветното здравство, недостатокот на електрична енергија и чиста вода, иако жалбите се исклучоци, пишува Washington Post.
Токму прикажувањето на реалноста и укажувањето на недостатоците во утопиското претставување би можеле да ги одвратат младите жени од придружувањето на милитантите.
На крајот од истражувањето, беше напоменато дека би требало да се зголеми бројот на ментори и лица кои би им помагале на ранливите млади жени, бидејќи таквите луѓе се во помал број на Западот, а оној мал број од Истокот е гласен и изразено убедлив.Мислењето дека жените се приклучуваат кон Исламската држава само поради мажење е еднодимензионално, пишува во најновото британско истражување на Ин

Пронајдете не на следниве мрежи: