Бројот на жртвите од силниот земјотрес што погоди повеќе градови и села во планинскиот предел во централна Италија се искачи на 73, додека десетици се сметаат за исчезнати, соопшти италијанската Агенцијата за цивилна заштита.Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Италија во 03:36 часот, кога повеќето луѓе спиеле, и при тоа разурна цели делови од градот, уништи патишта и остави многумина под урнатините на зградите во најподените градови Аматриче, Акумоли и Аркуата дел Тронто.
Спасувачките тимови со булдожери, но и со голи раце копаат низ урнатините во потрага по преживеани, додека локалните власти предупредуваат дека смртниот биланс најверојатно ќе расте.
Градоначалникот на Аматриче Серџо Пирози изјави дека спасувачките тимови се обидуваат да стасаат до 69 селца, во близина на градот.
– Половина од градот веќе не постои. Луѓе се заглавени под урнатините. Куќите веќе не постојат, изјави Пирози.
Жителите и спасувачките служби се борат да ги ослободат жртвите кои останаа затрупани под урнатините на своите домови.
Овој земјотрес, кој беше почувствуван дури и во Рим, на повеќе од 150 км оддалеченост, е најсилниот во Италија по оној во 2009 година, кога повеќе од 300 луѓе загинаа во и околу градот Аквила.Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Италија во 03:36 часот, кога повеќето луѓе спиеле, и при тоа разурна цели дел