Еврото зајакна во средата во однос на доларот на меѓународните девизни пазари бидејќи инвеститорите беа охрабрени од тоа што Италија и покрај политичката нестабилност успешно долгорочно се задолжи, иако со повисока цена, а поддршка му дадоа и охрабрувачките показатели за економската клима во Европа.Така, во средата, на глобалните валутни пазари, единствената европска валута го достигна највисокото дневно ниво од 1,3123 американски долари. Потоа се стабилизираше на 1,3080 долари, што значи дека била во позитива од речиси 0,2 отсто во однос на затворањето на тргувањето во вторникот.Еврото, пак, остана речиси непроменет во однос на јапонскиот јен и со него се тргуваше по 120,10 јени.Доларот ослаби во однос на јенот за 0,7 проценти, на 91,31 јен. Така се држи значително под највисокото ниво во последните 33 месеци од 94,7 7јени, на кое се искачи во понеделникот.Во центарот на вниманието на валутните пазари беше најновата аукција на италијанските државни обврзници, прва откако беа објавен и резултатите од парламентарните избори коишто се одржаа во неделата и понеделникот, а чиишто резултати покажаа дека ниедна партија ниту коалиција нема стабилно мнозинство во парламентотПобарувачката на италијанските обврзници беше голема и Рим успешно се задолжи за 6,5 милијарди евра, со значително поголеми трошоци во споредба со истата аукција во јануари. Скокот на приносите ги поттикна стравувањата од можно интензивирање на должничката криза во третата економија според обемот во еврозоната и четврта во рамките на Европската унија.Поддршка на еврото му дада и најновиот показател на Европската комисија кој покажува за натамошно подобрување на економската и деловната клима во 17-те членки на еврозоната во февруари, што е четврти месец по ред.Според мислењето на валутните аналитичари, најверојатно овој залет на еврото нема долго да се одржи, имајќи предвид дека дури и по благото заздравување неретко следуваат нови продажби.Еврото засега успеа да се одржи над 1,3018 долари, најниското ниво од 7-и јануари, на коешто се спушти во вторникот, додека инвеститорите за нови насоки чекаат дали италијанските политичари ќе успеат да формираат влада или ќе бидат распишани нови парламентарни избори.„Ќе има повторно слабеење на еврото, според мене, уште до крајот на денот и утре ќе бидеме сведоци на натамошен пад на неговиот курс, и тоа под вчерашното најниско ниво. Голема коалиција нема да биде објавена толку наскоро, така што се додека не добиеме сигнал за евентуално нови избори, на пазарите и натаму ќе владее неизвесност“, вели за Reuters Адам Миерс, валутен стратег во „Credit Agricole“.
МакфаксЕврото зајакна во средата во однос на доларот на меѓународните девизни пазари бидејќи инвеститорите беа охрабрени од т