Aгенцијата за социјални прашања на италијанската Влада побара од судот да ѝ одговори дали поранешниот премиер Силвио Берлускони може да отслужи едногодишната казна за затајување данок со работа во Центарот за стари лица, соопштија судски извориБерлускони (77) кој доминираше на италијанската политичка сцена последните децении, минатиот ноември беше исклучен од Сенатот, откако беше осуден за затајување данок при работењето на неговата телевизиска мрежа „Медиасет“.
Четиригодишната затворска казна, која му е изречена, подоцна е намалена на една година затвор.
На вчерашното сослушување судиите требаше да расправаат за тоа дали Берлускони, кој ги негира обвиненијата за затајување данок, да ја отслужи казната во домашен притвор или со социјална работа.
Агенцијата исто така предложи Берлускони да ја отслужи казната во траење од девет месеци, наместо една година, доколку има примерно поведение.Берлускони (77) кој доминираше на италијанската политичка сцена последните децении, минатиот ноември беше исклучен од Сенатот, откако беше осуден з