Италијански пилоти кои слетале на скопскиот аеродром се на распит во ОЈ

Во тек е увидот на лице место раководен од јавното обвинителство кои се врши на местото на несреќата. И покрај тешко пристапните услови, се координираат и преземаат мерки за прибирање и утврдување на фактите и причините за несреќата.Увидот се врши од страна на двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје, кои раководат со увидните екипи од надлежните органи. По наредба на јавен обвинител обезбеден е дрон кој треба да изврши воздушно снимање на теренот каде што се случила авионската несреќа. Снимките од дронот ќе бидат од голема помош за утврдување на динамиката на движењето на леталото, како и за разоткривање на начинот на кој дошло до несреќата.
Едновремено, во моментов во Јавното обвинителство се врши испитување на двајца пилоти од Италија кои биле со други две летала и слетале на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. Испитувањето се врши со цел прибирање на податоци и информации.
Основното јавно обвинителство Скопје повика и стручно лице кое е компетентно за овој вид на несреќи, со цел да придонесе кон истражните дејствија.Увидот се врши од страна на двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје, кои раководат со увидните екипи од надлежните органи.

Пронајдете не на следниве мрежи: