Ололаи е преубаво италијанско гратче во планинската регија Барбаџија на Сардинија, кое ја споделува судбината на многу села и градови не само во Италија, туку и ширум Европа и светот.За само неколку децении популацијата е скоро преполовена, па така сега низ улиците на овој град шетаат нешто повеќе од 1.000 жители. Но се чини дека нема да биде така за долго.
Градските власти сериозно се посветија на решавањето на овој проблем и заедно со градоначалникот започнаа проект за продажба на напуштените недвижнини во 2017 година по многу поволна цена од само едно евро.
Повеќето недвижнини, без оглед на својата лоша состојба и потребните вложувања, веќе се продадени, а градоначалникот нагласува дека добил повеќе од 100 понуди за купување од сите делови на светот, вклучувајќи ги и тие од Русија и Австралија.
„Мојата мисија е да ја спасам нашата традиција, да ја сочувам од пропаст и заборав“ – изјави градоначалникот Ефисио Арбау и додава:
„Се гордеам со нашата сила. Отсекогаш сме биле силни луѓе и нема да дозволиме нашиот град да умре и пропадне“.
Куќите кои со заминувањето на семејствата и младите веќе со години се напуштени, се продаваат по цена од едно евро.
Овие традиционални куќички во планинската оаза се во многу лоша состојба, па се очекува и нивните нови станари да ги обноват во рок од три години, што би можело да чини околу 20.000 евра.
Ололаи некогаш бил престолнина на покраината Барбаџија, а денес е останат како недопрен и автентичен дел од Сардинија. Некогаш секојдневната врева на улиците ја замени тишината која остана откако семсјтвата и младите го напуштиле местото и заминале да живеат во поголемите градови.
Сепак опстанале и некои традиционални занаети и начини на живот. Локалните овчари се уште прават извонредно овчо сирење „Casu Fiore Sardo” поради кое овој дел на Сардинија и е познат.
Зборувајќи за славното минато на градот, кој името го добил по воениот повик ‘alalé’ и со надеж дека нивната сила ќе помогне и во овој случај, градоначалникот се потсетува на легендата за огнениот крал Дукс Оспитоне кој ги обединил сите завојувани племиња.
„Нашите предци никогаш не им се покориле на римските освојувачи, кои нас не нарекле “варвари“, нагласува Арбау и додава:
„Ние и понатаму сме синови на Храброто срце!“.
Сликовитите градски куќички направени се од типична и традиционална сива гранитна карпа која може да се најде на околните планински врвови.
Ололаи редовно привлекува туристи кои уживаат во мирот, прошетките и убавината на ова место. Во близина се наоѓа врв од 1.200 метри Nodu de S’Aschisorgu кој дава прекрасен поглед на островот со сите убавини кои го опкружуваат овој град, езерата, реките, заштитените паркови, шумите итн.За само неколку децении популацијата е скоро преполовена, па така сега низ улиците на овој град шетаат нешто повеќе од 1.000 жители. Но се чини дек