На професорот Иван Калчев не му е проблем јавно да ги кажува своите ставови за постоењето на македонскиот идентитет, јазик, култура, историја, за македонското малцинство во Бугарија. Но тоа отсекогаш му пречело во кариерата и како професор, и порано како учесник во промените на бугарското општество по комунизмот.Професорот Иван Калчев веќе 42 години е професор по филозофија на софискиот универзитет „Климент Охридски“, а е припадник на религиско малцинство, католик, што е моше невообичаено за бугарското општество. Таа невообичаеност со текот на годините го направила професорот Калчев многу поосетлив во однос на правата на малцинствата во неговата земја. Освен што е претседател на Бугарското друштво на филозофите, на Балканската федерација на филозофите, тој веќе 15 години е и претседател на Бугарско-македонското друштво во Софија. Според професорот Калчев, во ова друштво може да членуваат само граѓани на Република Бугарија и најголем број од 150-те члена доаѓаат од Софија и од Пиринска Македонија.
„Нормално, најголем број членови на друштвото се токму Македонците со бугарско државјанство. За жал, само ова друштво и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Бугарија се единствените организации, институции, невладини организации што го признаваат и го поддржуваат македонското малцинство во Бугарија“.
Професорот Калчев нема никаков проблем во однос на јавното изнесување на своите ставови за постоењето на македонскиот идентитет, јазик, култура, историја, за постоењето на македонското малцинство во Бугарија. Но, токму ова, заедно со неговата религиска припадност, католик, отсекогаш му правело пречки во неговата кариера и како професор, но и како активен учесник во промените на бугарското општество по раскрстувањето со комунизмот. Тој е еден од основачите на партијата СДС, кратко време бил и член на кабинетот на бугарскиот претседател Жељу Желев, но и покрај тоа, Калчев по бугарските медиуми често пати бил нарекуван предавник, а од бугарската ВМРО на Каракачанов дури е осуден и на смрт.
„За мене, за членовите на Бугарско-македонското друштво нема никакви дилеми во однос на постоењето на македонскиот идентитет, јазик, култура, етнос и во однос на тоа дека во Република Бугарија има македонско малцинство. И петмина да се, тие се малцинство и треба да ги уживаат сите основни човекови права што Бугарија, сега како членка на ЕУ, треба да ги почитува и да ги спроведува. И јас како припадник на едно религиско малцинство често пати имам проблеми во бугарското општество, за кое едноставно е несфатливо некој да биде Бугарин, а да не е православец. Во Бугарија живеат 1 отсто Бугари, католици, кои се главно по потекло од Банат, т.н. банатски Бугари. Ние имаме и посебен говор, кој според мене е дури и друг јазик, ама тоа е веќе друга тема“.
Според професорот Калчев, за да се решат овие проблеми, многу е важно двете влади, и на Бугарија и на Македонија, да бидат во постојан контакт и да ја изградат инфраструктурата меѓу двете држави.
„Не може меѓу Софија и Скопје да нема железничка врска. Не може да нема авионска врска. Овие работи двете држави навистина веќе еднаш треба да ги решат. Освен тоа, сметам дека за надминување на сите овие проблеми се неопходни чекори од двете страни. Бугарија мора да се соочи со вистината дека има Македонци, дека има македонски народ, дека постои македонскиот јазик, дека во Бугарија има македонско малцинство. Ова е навистина првиот и најбитен чекор. Бугарските политичари и медиуми, секоја чест на исклучоците, еден ден ќе треба да се соочат со тоа. Говорот на омразата е многу поприсутен во Бугарија отколку во Македонија.
Видовте што се случи само со еден филм во најава, зборувам за филмот на Дарко Митревски, колку нелогична беше реакцијата по бугарските медиуми. Сериозен е проблемот во бугарското општество во однос на негирањето на македонскиот идентитет. А Македонија треба повнимателно да се однесува во однос на некои историски прашања. Историјата е посебна наука, ама ние филозофите знаеме и ова прашање да го поставиме – што е предмет на историјата? Минатото. А тоа го нема. Па како ќе го проучувате минатото? Значи главно се работи на интерпретација, на толкувања. Во историјата главна улога имаат толкувањата, а тоа значи висок степен субјективност и политизација. Во Македонија треба да бидете повнимателни со историјата. И она што мене најмногу ми пречи, а и не само мене, е зошто толку се инсистира на тоа дека корените на Македонците се длабоко во античката историја, од Александар Македонски. Да. Александар не бил Грк, но дали од тоа следува заклучокот дека бил Македонец. Аристотел е еден од најзначајните светски филозофи. Тој му бил и учител на Александар Македонски. Следува ли заклучокот дека и Аристотел е Македонец, дека првиот филозоф во светот бил Македонец, дека основачи на филозофијата се Македонците? Истата логика ја има кај нас. Знаете дека во Пловдив има споменик на Филип Втори. Тогаш кога споменикот требаше да се стави во центарот на градот, реагираа бугарските националисти и побараа споменикот да биде преместен некаде на периферијата од градот. Така и беше сторено. Но тогаш се јави и за вас добро познатиот историчар Божидар Димитров, кој само потсети дека Македонците се Бугари, па ако Александар и Филип биле Македонци, тогаш и тие се Бугари. Па побарал споменикот да биде вратен во центарот на Пловдив“.
Професорот Калчев е и почесен професор на Скопскиот универзитет, а е и еден од најсериозните кандидати да стане и надворешен член на МАНУ.Професорот Иван Калчев веќе 42 години е професор по филозофија на софискиот универзитет „Климент Охридски“, а е припадник на