Иван Стоилковиќ на Дискавери канал

Иван Стоилковиќ од Копривница, во Хрватска и во светот е познат под прекарот дете-магнет. Светски медиуми пишуваа за способностите на Иван, но имаше и такви кои целата приказна ја нарекоа трик.Оваа приказна го заинтересира и Симон Фарнаби, англиски актер и комичар, кој започнал да го снима својот дневник за неговите патувања низ светот во потрага по индивидуи кои имаат супер-моќ, или барем тврдат дека ги имаат. Од патувањата и истражувањата на Симон настанал серијалот „Човек против натприродното“, а токму Иван е ѕвезда во првата епизода.
За серијалот „Човек против натприродното“ и потрагата по луѓе со посебни способности, своето патување Симон го започнал токму од Хрватска. Во Копривница ја направил репортажата за десетгодишното момче Иван, кои своите соселани ги забавува со „лепење“ метални предмети на неговото тело.
Серијалот продолжува со истражување на докази за неверојатната сила на човекот и отпорноста на болка. Симон ќе посети и едно индонезиско племе, чии членови се имуни на болка, како и еден Кинез кој може да повлече автомобил само со очните капаци.
Понатаму се префрла на истражување на над-човечки умови и се состанува со водечкиот индонезиски шаман Нгур Харт кој се чини дека може да се исече со брич а притоа да не се повреди. Симон патува и во Романија каде сака со помош на познатата исцелителка Заинаде да почне да лебди. На крајот во Велика Британија влегува во светот на пророците, медиумите и паранормалните појави.
Оваа приказна го заинтересира и Симон Фарнаби, англиски актер и комичар, кој започнал да го снима својот дневник за неговите патувања низ светот во

Пронајдете не на следниве мрежи: