Иван Тричковски, или популарниот „Тричко“, полека но сигурно се враќа во форма, барем тоа се виде на последниот натпревар што нашата селекција го одигра на дуелот со Данска, „Тричко“ блескаше на мечот со Данска, техничката супериорност која ја покажа на овој натпревар може да биде увертира за тоа што претстои од нашиот интернационалец од редовите на белгиски Бриж.
Започна во Вардар, сезоната 2004-2006, на 32 одиграни натпревари постигна 6 погодоци. Една сезона (2006/07) игра за градскиот ривал на Вардар, екипата на Работнички, каде на 26 натпревари постигна неверојатно добар ефект од 14 погодоци.
Се чини дека клучната грешка со овој фудбалер се случува кога преминува во 2007-мата година во српска Црвена Ѕвезда, во овој тим популарниот „Тричко“ не ја доби вистинската прилика, па набргу се чинеше дека тука ќе започне целосен дисконтинуитет, напротив, настана неверојатен пресврт во сиве овие настани. За Црвена Ѕвезда одигра 25 натпревари и притоа постигна 3 погодоци, сето тоа направено за 3 сезони.
Во 2010-тата година започнува она што уште претходно требаше да се случи, дојде ерата на Тричковски, успешната приказна започна. Во 2010-тата година преминува во кипарски Еносис. Неверојатно добрите подвизи на кипарскиот клубски фудбал беше токму во овој период, и така, кипраните сосема мудро и паметно инвестираа во нашиот интернационалец, гледајќи во него одличен фудбалер со голем потенцијал во себе. За Еносис на 29 натпревари постигна солиден ефект од 8 погодоци.
Веднаш реагира АПОЕЛ, уште истата година (2010) го ангажира нашиот интернационалец. Тука Иван Тричковски го зема „залетот“ во својата интернационална фудбалска кариера, кипраните го засакаа, стана миленик на тамошната фудбалска јавност, прикажувајќи неверојатни технички квалитети на тамошните натпревари. Следеше интерес од поедини големи фудбалски клубови, меѓу кои и Глазгов Ренџерс, АПОЕЛ реши да не го даде туку така својот најдобар фудбалер, со кого направија подвиг во Лигата на Шампионите. Во две сезони за АПОЕЛ, Тричко одигра 51 натпревар притоа постигнувајќи 17 погодоци.
Бриж, следната етапа од кариерата на „Тричко“, белгискиот фудбалски гигант се реши да се засили со нашиот интернационалец. Но, една повреда и мало одалечување беше само знак прашалник како понатаму, но, еве го повторно, во својата добро препознатлива форма.
Популарниот „Тричко“ се враќа во форма, почна да постигнува погодоци во дресот на Бриж, се враќа во својата препознатлива форма, веќе за четири денови ќе има прилика да го покаже својот потенцијал против големиот Андерлехт.
Што се однесува до репрезентативната кариера на Иван Тричковски, нашиот 25 годишен фудбалер и тука има низа на успеси.Започна во селекцијата за играчи до 17 годишна возраст во 2003-тата година, одигра 3 натпревари, постигна 2 погодоци. Добива повик за селекцијата за играчи до 19 годишна возраст, одигра 6 натпревари, притоа постигна 3 погодоци. Во селекцијата за играчи до 21 годишна возраст, на 9 натпревари постигна 1 погодок.
Доаѓа главното, во 2010-тата година го забележува дебитантскиот настап за нашата најдобра Сениорска Репрезентација на пријателскиот натпревар против Азербејџајн. Деби од соништата, со волеј-гол најавува што претстои во иднина и што треба да очекуваме од него.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Иван Тричковски, или популарниот „Тричко“, полека но сигурно се враќа во форма, барем тоа се виде на после
Пронајдете не на следниве мрежи: