Глобализацијата, главна тема за провокативно креирање за колeкцијата #Concept2020 на нашиот моден дизајнер Ивана Кнез со која ќе се претстави на шеснаесетиот Моден викенд Скопје кој ќе се одржи на 23ти октомври, понеделник, од 21.30 часот во Хотел Мериот.Креаторката со ревијата ќе ги отвори прашањата дали ние, луѓето, живееме во свет на криза со идендитет, колку мажите и жените се различни и еднакви, но и колку човечките битија се робови на општеството кое сами го креираат?!
„Модните парчиња ќе бидат лимитирана едиција, поттикнати од секојдневното наше живеење, колку сме ние Андроиди заглавени во електронскиот свет. Сите љубители на модата ќе погледнат несекојдневна модна колекција за сегашноста и иднината, творевина за #Concept2020. Колекцијата е ресајклинг, пет френдли и прилагодлива за нашиот пазар со префинет вкус. Драма студио како и секогаш, ќе ви ги отвори чакрите како сонувачи во потрагата по постојано ваше совршенство“ вели модната дизајнерка, Ивана Кнез.
Фотосесијата за престојната колекција е на HLVK Photography Goran Popovski, со рускиот модел Ксенија – the Android, Васе Доковски – VD Make Up and Social Hair Salon, со потпис на Студио Драма.Креаторката со ревијата ќе ги отвори прашањата дали ние, луѓето, живееме во свет на криза со идендитет, колку мажите и жените се различни и еднакви