Иванов апелира на смиреност, повика на лидерска средба

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов синоќа во обраќањето до јавноста апелира на смиреност и ги повика лидерите на парламентарните партии на лидерска средба утре во неговиот кабинет, со цел да се најде излез од настанатата состојба.– На лидерска средба да ги разгледаме сите опции за смирување и наоѓање излез од новонастанатата состојба. Лидерите ја добиле довербата од граѓаните и се најодговорни за наоѓање решенија во согласност со Уставот, законите и Деловникот за работа на Собранието, истакна Иванов.
Според претседателот, никој друг од надвор нема да ни ги реши проблемите ако самите ние не ги решиме во согласност со државните интереси на Република Македонија.
Тој повика на смирување на тензиите, на ненасилство, на разумно и одговорно однесување.
– Во овие моменти на општа загриженост околу настаните во Собранието на Република Македонија ве повикувам да бидете смирени. Ве повикувам да останете присебни и да не подлегнувате на разни провокации, лажни вести и манипулации, истакна Иванов.
Шефот на македонската држава повика на одговорно однесување на сите надлежни институции кои мора да ги почитуваат Уставот и законите на Република Македонија.
– Пратениците се најодговорни за враќање на состојбата во согласност со Уставот, законите и Деловникот на Собранието на Република Македонија, кои денеска беа прекршени. Секој треба да биде одговорен за своите постапки и свесен за последиците кои произлегуваат од нив, нагласи претседателот во обраќањето.
Оваа состојба, како што посочи, може да се надмине само преку почитување на правниот поредок на Република Македонија.
– Нема прашање за кое не може да се најде решение преку дијалог, во согласност со Уставот и со законите на Република Македонија, посочи претседателот Ѓорге Иванов.– На лидерска средба да ги разгледаме сите опции за смирување и наоѓање излез од новонастанатата состојба. Лидерите ја добиле довер

Пронајдете не на следниве мрежи: