Имаме најави за втор мигрантски бран што се очекува во текот на ова лето, кој ќе биде сосема поинаков од искуствата кои ги имавме со првиот мигрантски бран. Овој бран е веќе тргнат и се чувствува во централно медитеранскиот коридор, изјави претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов при денешната посета на Министерството за внатрешни работи.Иванов посочи дека денешната посета е во склоп на посетите на институциите и надлежните во справување со мигрантската криза, односно со сите оние кои се вклучени во кризниот менаџмент во справување со сите предизвици кои ги имаме со мигрантскиот бран.
– Сето ова е во функција на најавите дека не очекува втор мигрантски бран. Министерот, заедно со директорите ме информираа за сите научени лекции и сето она што го имавме во првиот бран. Сите мерки се преземени, од голема корист се полицајците од земјите членки на ЕУ и балканскиот регион. Сите активности се синхронизирани, нашиот кризен менаџмент дневно известува за сите обиди за влегување и отворање на балканскиот регион, рече Иванов.Посочи дека како држава се справуваме успешно и покажавме како треба и другите земји да се справуваат и однесуваат со вакви предизвици.
Според Иванов станува збор за втор бегалски бран кој трнува од Египет, каде моментално се наоѓаат пет милиони мигранти, додека на границите со Судан има 20 милиони потенцијални мигранти од рогот на Африка, кои досега успешно ги контролираше, но и поради состојбата во бегалските кампови во Либан и Турција.Министерот за внатрешни работи Митко Чавков изјави дека за време на посетата заеднички било заклучено дека бегалската криза не е минато свршено време, туку актуелните закани и ризици продолжуваат и понатаму, се разбира во друга форма преку активирање на криминални мрежи, како и дека Македонија успешно се справува со овој вид на проблеми. -На дневна основа фаќаме или попречуваме 200 до 300 бегалци или мигранти, идентификуваме организирани криминални групи и интензивно работиме и на национални и на меѓународно ниво на воспоставување потесна полициска соработка за отпочнување и водење меѓународни истраги, истакна Чавков.
Тој изрази задоволство за успешното справување со трансформирањето на бегалската криза во илегална, но истакна дека состојбата со бегалската криза ќе продолжи и понатаму.Иванов посочи дека денешната посета е во склоп на посетите на институциите и надлежните во справување со мигрантската криза, односно со сите оние к