Се додека не бидат отстранети правната и политичката пречка не можам да го доделам мандатот за составување на владата, вели македонскиот претседател Ѓорге Иванов во интервју за унгарската државна телевизија МТВА.Според Иванов, постојат правен и политички проблем за определување мандат за состав на влада. Политичкиот проблем, односно тиранската платформа, според Иванов, е посуштествениот.
– Мнозинството беше обезбедено со уцена – да биде прифатена платформа на партии на Албанците од Македонија која е донесена во Тирана, во кабинетот на премиерот на Албанија. Тоа согласно нашиот Устав и согласно нашите закони е доведување на Македонија во подредена состојба и зависност на друга држава. Тоа е и казниво дело, но и се коси со заклетвата која сум ја дал кога сум ја презел функцијата Претседател, бидејќи јас не само што совесно и чесно треба да ја вршам функцијата Претседател, да го штитам Уставот и законите, јас сум одговорен за сувереноста, територијалниот интегритет и независноста на Македонија, вели претседателот Иванов за унгарската МТВА.
Според него, доколку даде мандат на некого што прифатил платформа на туѓа држава ќе биде доведена во прашање независноста на државата.
– Ако дадам мандат на некого што прифатил платформа на туѓа држава, јас ја доведувам во прашање независноста на државата и таа одлука може да биде оспорена. Затоа, превентивно кажав, кога ќе се отстранат правната пречка и политичката пречка нема ништо спорно да се додели мандатот. Но, додека не бидат отстранети правната и политичката пречка не можам да го доделам мандатот, вели претседателот Иванов во интервјуто за унгарската државна телевизија.
Македонскиот претседател објаснува дека неговата одлука е превентивна, со цел да не се создадат уште поголеми проблеми.
– Ако не го почитувам Уставот секој може да отвори прашање за мојата одговорност како Претседател, бидејќи не сум го испочитувал Уставот. Затоа, одредени политичари, користејќи ја ваквата состојба во регионот, создаваат претстави дека некој има нешто лично против нив. Не. Мора да се почитува Уставот и процедурата која веќе постои, бидејќи ако таа не се почитува, одлуките и владата која би била составена без почитување на уставните основи ќе биде нестабилна влада и ќе биде оспорена, истакнува претседателот Иванов за унгарската државна телевизија МТВА.Според Иванов, постојат правен и политички проблем за определување мандат за состав на влада. Политичкиот проблем, односно тиранската платформа, сп