недела, 29 ноември 2026
Вонредно

Иванов додели високи државни признанија на четворица иселеници и на Македонскиот сојуз во Кралството Шведска

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска во Охрид им додели високи државни признанија на четворица наши иселеници во светот и на Македонскиот сојуз во Кралството Шведска, како признанија за нивниот непроценлив придонес за зачувување и афирмирање на македонските историски, културни и духовни традиции и вредности.Со Медал со заслуги за Македонија беа одликувани Иван Трпески од Австралија, Лилјана Стоилковска-Андовска од Шведска, Борче Величковски од Србија и Кирил Христовски од САД, додека Македонскиот сојуз во Кралството Шведска доби Повелба на Република Македонија.

-Пред 25 години, во 1991-та го остваривме сонот на неброени генерации и прогласивме независна, суверена и самостојна држава – Република Македонија. Македонија е нашата прва заедничка татковина што нè поврзува со нашата дијаспора. Но, само 5 години претходно, во 1986-та, Блаже Конески напиша дека: „за нас повеќе отколку за многу други во светот, јазикот претставува, со сè што е на него создадено, како говорен и пишуван текст, најголемо приближување до идеалната татковина. Тој, македонскиот јазик, е заправо единствена наша комплетна татковина“. Годинава одбележуваме и 11 века од упокојувањето на еден од втемелувачите на македонскиот јазик – св. Климент Охридски, рече Иванов.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

-Живееме во време на длабока политичка криза, кога македонскиот јавен простор е преплавен со зборови на безнадежност, цинизам и омраза. И токму затоа, неопходни ни се зборови на надеж, добрина и љубов. А кој владее подобро со зборовите отколку поетот, кој е слуга на својот јазик? Меѓу вас има двајца поети. Иван Трпески од Австралија и Лилјана Стоилковска-Андовска од Шведска, кои од двата краја на светот речиси половина век нè потсетуваат како треба да се љуби Македонија. Тука е и Борче Величковски кој неуморно работи на унапредување на состојбата на македонската заедница во Република Србија. Но, со неговиот ангажман, тој суштински придонесува и кон градењето мостови на соработка меѓу двете соседни пријателски држави, подвлече Иванов.

-Со нас денеска е и професорот Кирил Христовски од Државниот универзитет во Аризона во Соединетите Американски Држави. Професорот Христовски e преокупиран со големата тема за најмалите нешта – нанотехнологијата. Со своите научни и академски успеси на ова поле на иднината, тој претставува позитивен пример и охрабрување за нашите млади научници. Очекувам многумина по него да се вклучат во глобалниот натпревар на знаење, идеи и технологии.“ „Конечно, би сакал особено внимание да посветам на единствената организација што годинава се стекна со Повелба на Република Македонија, а тоа е Македонскиот сојуз во Шведска, рече претседателот Иванов.
Овој сојуз,  подвлече Иванов, што ги обединува и ги претставува интересите на дваесет илјадната македонска заедница во Шведска, е една од најдинамичните организации од македонската дијаспора.

-Секогаш, кога се среќавам со иселеници од скандинавските земји, слушам најпофални зборови за Македонскиот сојуз. Запознаен сум со напорите за зачувување и за афирмирање на македонските историски, културни и духовни традиции и вредности. Знам дека овој сојуз придонесува за унапредување на соработката меѓу Шведска и Македонија преку разни проекти и иницијативи, вклучително и хуманитарни активности. Сè на сè, станува збор за исклучително заслужна иселеничка организација, рече Иванов.

-Сите вие сте живата врска на Македонија со светот. Многупати имам истакнато дека вие, успешните поединци и организации од дијаспората, сте наши амбасадори на полето на културата, уметноста, образованието, науката, добротворството. Секој ваш успех е и успех за Македонија, додаде Иванов.
Иванов им се заблагодари во името на македонските граѓани за сè што прават за Македонија. -А Македонија памети, препознава и вреднува. Медалите за заслуги за Македонија и Повелбата на Република Македонија се симболичен израз на нашата искрена благодарност, но и поттик да продолжите да работите како и до сега. Да продолжите да го исполнувате заветот на свети Климент Охридски, а тоа е да се престигнуваме со добрина, заклучи Иванов.Со Медал со заслуги за Македонија беа одликувани Иван Трпески од Австралија, Лилјана Стоилковска-Андовска од Шведска, Борче Величковски од Србија и

Поврзани вести