Иванов: Македонија е целосно посветена успешно да го спроведе Парискиот договор за климатски промени

Република Македонија е целосно посветена успешно да го спроведе Парискиот договор за климатски промени, но за таа цел ни е потребен пристап до меѓународните финансиски фондови, порача македонскиот претседател Ѓорге Иванов во денешното обраќање на Самитот за климатски промени – COP22, што се одржува во Маракеш, Кралство Мароко.Македонскиот претседател, кој се обрати на сегментот на високо ниво на самитот, истакна дека Република Македонија како земја потписник е посветена на принципите и целите на Парискиот договор за климатски промени, а воедно својата посветеност ја покажа и како 23. земја во светот која го утврди сопствениот национален придонес за намалување на емисиите на јаглероден диоксид.
„Иако е земја во развој во рамките на Обединетите нации, Република Македонија во исполнување на своите обврски оди чекор понатаму, особено во делот на известувањето, со кое се приближува кон обврските кои ги имаат развиените држави, вклучително и Европската Унија. Но, товарот е голем, а нашите ресурси се ограничени.  Република Македонија заслужува фер и рамноправен третман. За успешно да го спроведеме договорот од Париз, потребен ни е пристап кон меѓународни финансиски механизми за климатските промени, како Зелениот климатски фонд, и трансфер на технологии“, рече претседателот Иванов, во обраќањето на Самитот за климатски промени – COP22.
Претседателот Иванов укажа на потребата од долгорочни и темелни промени во начинот на производство и потрошувачка, соп цел справување со климатските промени.
„Денеска сме тука во Маракеш да го продолжиме она што го започнавме во Париз бидејќи веруваме дека Парискиот договор е мапата што ќе нè врати на вистинскиот пат. Но, за да се ориентираме, мора одново да го земеме компасот в раце. Потребни се долгорочни, темелни промени во начинот на производство и потрошувачка. Тргувајќи со јаглеродните емисии без да ги промениме животните навики нема да биде профитабилно ниту за оваа, а ниту за идните генерации. Мора да го редефинираме и концептот на развојот кој треба да биде во согласност со природата, а не на сметка на природата“, рече претседателот Иванов во своето обраќање. 
„Можеби не можеме да постигнеме сè, но не смееме да не направиме ништо. Климатските промени се глобален феномен што има потреба од глобален одговор на глобалната заедница што верува во оваа мисија. Само така ќе им овозможиме на идните генерации да живеат со помалку страдање и со поголемо достоинство“, рече претседателот Иванов. 
На Самитот за климатски промени – COP22 учествуваат 56 шефови на држави и влади од целиот свет.
Република Македонија во април 2016 година во Њујорк го потпиша Парискиот договор за климатски промени, што беше усвоен во 2015 година на Самитот за климатски промени COP21 во Париз, каде учествуваше и претседателот Иванов. На самитот во Париз, Република Македонија даде придонес во меѓународните напори за постигнување климатски договор.
Со потпишување на Парискиот договор, Република Македонија ја реафирмира својата посветеност во приклучување кон светските напори за ублажување на последиците од климатските промени, преку преземање на конкретни чекори, мерки и активности и исполнување на одредбите на Парискиот договор за климатски промени. Договорот од Париз е прв универзален и правно-обврзувачки договор што треба да стапи на сила во 2020 година, и истиот досега е потпишан од 192 држави и од Европската Унија.Македонскиот претседател, кој се обрати на сегментот на високо ниво на самитот, истакна дека Република Македонија како земја потписник е посве

Пронајдете не на следниве мрежи: